00389 2 3091 484
август 08,2016
Во вторникот на 23.08.2016 година, тимот на специјалната болница Филип Втори постави своевиден нов рекорд во транспортот на критично болни пациенти, транспортирајќи пациент со политраума на релација Скопје-Удине (Италија) на растојание од 1102 км. Во транспортот на пациентот учествуваа Д-р Илија Нешковски- специјалист интернист, Весна Наумоска- медицинска сестра -анестетичар и Слободан Јордановски- возач.
Благодарение на највисокото ниво на опременост на амбулантното возило на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и обученоста на медицинскиот персонал беше изведен транспорт на пациент со политраума, фрактура на двете подлактици и компресивна фрактура на дванаесетиот торакален пршлен. Транспортот помина во најдобар ред и пациентот беше предаден на колегите во болницата во Удине (Oespidale civile-Udine) во добра општа состојба. Иако е ова рекордно растојание, не е прв пат тимот на Филип Втори да реализира транспорт на критично болни пациенти на големи дистанци. Имено, ваков транспорт на критично болен пациент беше реализиран и минатата година на релација Скопје-Загреб.