Престижниот златен печат од Joint Commission Internatiоnal за ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК

Дневна доза здравје

ноември 11,2017

ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК го доби златниот печат за квалитет и безбедност од JCI и со тоа стана првата болница, која за неполна година, влезе во семејството на најпрестижната организација за акредитација на болници во целиот свет – Joint CommissionInternatiоnal.

„Со ова потврдуваме дека ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК е болница која е акредитирана по американски стандарди за безбедност на пациентите од лекарска грешка и интрахоспитални инфекции. Доказ за континуираната квалитетна и ефикасна услуга за пациентите од земјата и странство. Исполнувајќи ги строго воспоставените критериуми од оваа организација ние потврдивме дека се грижиме и за нашите вработени. Овозможуваме сигурна работна средина за секој од нив кој е посветен на тимската работа. Тоа е додадена вредност при обезбедувањето на квалитетна и безбедна медицинска грижа за секој пациент“.

Во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК се пружаат бројни медицински услуги, многу од нив специјални и уникатни, кои го подобруваат квалитетот на животот на пациентот или го продолжуваат за многу години. Затоа, овој златен печат е важен за секој пациент, од земјата, од регионот и пошироко дека во болницата е обезбедена ефикасна и квалитетна, како што е во најврвните болници и клиники кои го носат JCIпечатот. Докажавме дека, пациентите од секој крај на светот во Жан Митрев Клиник добиваат врвна, страндардизирана услуга, каде безбедноста и правата на пациентот се приоритет за секој вработен.

За повеќе информации околу Joint CommissionInternatiоnal, посетете ја нивната интернет страница: http://www.jointcommissioninternational.org/.