Нефрологија
Преку клик на линкот може веднаш да закажете преглед on-line или преку нашиот контакт број на 02 3091 484
Нефрологијата е гранка на медицината што се однесува на проучување на бубрезите, нивно нормално функционирање и сите болести на бубрезите, зачувување на здравјето на бубрезите и третман на бубрежни заболувања, од диета и лекови до терапија.
Единицата е посебно компетентна за процена на болни со трансплантиран бубрег, проверка на подобност за примање и дарителство на бубрег, процена на подобност и следење на васкуалерн пристап за хемодијализа. Располага со простор прилагоден за амбулантски болни од сите домени како модерен стационар за дијагностички и терапутски процедури опремен со највисоки стандарди за здравствено згрижување за лекување и нега. Во доменот на амбулансткото згрижување таа располага со:
Модерно опремена амбуаланта
- Единица за васкуларен пристап за хемодијализа
- Единица за клиничка имуносупресија
- Единица за домашна хемодијализа
- Единица за перитонеална дијализа
Ехотомографска лабораторија
- Ехотомографска дијагностика на бубрези, уровезика, простата, тестиси
- Доплер за испитување на бубрежна циркулација
- Доплер за испитување на крвни садови на горниот екстремитет во однос на апликација и следење на васкуларен пристап за хемодијализа
Придружна биохемиска лабораторија
- Крвни анализи
- Уринарен седимент
- Уринарен албумин/креатинин однос
- Протеинруија
Микробиолошка лабораторија
- Уринокултура
- Хемокултура
- Уринарни брисеви
Имунолошка и генетска лабораторија
- ХЛА типизација
- Луминекс техника за анти ХЛА антитела
- Микро РНА за присуство на вируси, габи и бактерии
Современа радиолошка имаџинг дијагностика
- Мулти-слајс кумпјутерска томографија ( 256)
- КТ ангографија на ренални крвни садови
- КТ урографија за процена на уроодводни структури
- Магнентна резонанца
- Катетеризација на ренални крвни садови
Во рамките на стационарното лекување (одделение, полуинтензивна и интензивна нега) постојат доволен број капацитети за згрижување на сите видови бубрежни болни како што се:
- Лекување и нега на болни со сите видови на акутно бубрежно страдање
- Болни со влошена хронична бубрежна болест
- Привремен пристап за хемодијализа
- Вено-венска хемодијафилтрација
Бубрежни болни за биопсија на бубрегот
- Имунофлуоресцентна микроскопија
- Светлосна микроскопија
- Електронска микроскопија
- Молекуларна микроскопија
Болни за васкуларен пристап за хемодијализа
- Сложени зафати на кубитални и брахијални крвни садови
- А-В графт
- Суперфицијализација на длабоки венски садови непристапни за редовен процес на хемодијализа
Болни во витално- загрижувачка состојба со бубрежно засегање
- Трауматски повреди со краш синдром
- Мултиорганско оштетување
- Компартмански синдром и рабдомиолиза
- Сепси
Болни со трансплантиран бубрег
- Акутно отфрлање на графтот
- Хронично отфрлање на графтот
- Други оштетувања на графтот
Болни со малигна артериска хипертензија
Болни со комплицирани имунолошки состојби со или без бубрежно засегање
- Имуноадсорпција
- Плазмафереза
Проф. д-р Нинослав Ивановски
Д-р Мајда Мемедовска