Нефрологија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Нефрологија

Нефрологијата е гранка на медицината што се однесува на проучување на бубрезите, нивно нормално функционирање и сите болести на бубрезите, зачувување на здравјето на бубрезите и третман на бубрежни заболувања, од диета и лекови до терапија.

Единицата е посебно компетентна за процена на болни со трансплантиран бубрег, проверка на подобност за примање и дарителство на бубрег, процена на подобност и следење на васкуалерн пристап за хемодијализа. Располага со простор прилагоден за амбулантски болни од сите домени како модерен стационар за дијагностички и терапутски процедури опремен со највисоки стандарди за здравствено згрижување за лекување и нега. Во доменот на амбулансткото згрижување таа располага со:

Модерно опремена амбуаланта

  • Единица за васкуларен пристап за хемодијализа
  • Единица за клиничка имуносупресија
  • Единица за домашна хемодијализа
  • Единица за перитонеална дијализа

 

Ехотомографска лабораторија

  • Ехотомографска дијагностика на бубрези, уровезика, простата, тестиси
  • Доплер за испитување на бубрежна циркулација
  • Доплер за испитување на крвни садови на горниот екстремитет во однос на апликација и следење на васкуларен пристап за хемодијализа

 

Придружна биохемиска лабораторија

  • Крвни анализи
  • Уринарен седимент
  • Уринарен албумин/креатинин однос
  • Протеинруија

 

Микробиолошка лабораторија

  • Уринокултура
  • Хемокултура
  • Уринарни брисеви

 

Имунолошка и генетска лабораторија

  • ХЛА типизација
  • Луминекс техника за анти ХЛА антитела
  • Микро РНА за присуство на вируси, габи и бактерии

 

Современа радиолошка имаџинг дијагностика

  • Мулти-слајс кумпјутерска томографија ( 256)
  • КТ ангографија на ренални крвни садови
  • КТ урографија за процена на уроодводни структури
  • Магнентна резонанца
  • Катетеризација на ренални крвни садови

Во рамките на стационарното лекување (одделение, полуинтензивна и интензивна нега) постојат доволен број капацитети за згрижување на сите видови бубрежни болни како што се:

  • Лекување и нега на болни со сите видови на акутно бубрежно страдање
  • Болни со влошена хронична бубрежна болест
  • Привремен пристап за хемодијализа
  • Вено-венска хемодијафилтрација

 

Бубрежни болни за биопсија на бубрегот

  • Имунофлуоресцентна микроскопија
  • Светлосна микроскопија
  • Електронска микроскопија
  • Молекуларна микроскопија

 

Болни за васкуларен пристап за хемодијализа

  • Сложени зафати на кубитални и брахијални крвни садови
  • А-В графт
  • Суперфицијализација на длабоки венски садови непристапни за редовен процес на хемодијализа

 

Болни во витално- загрижувачка состојба со бубрежно засегање

  • Трауматски повреди со краш синдром
  • Мултиорганско оштетување
  • Компартмански синдром и рабдомиолиза
  • Сепси

 

Болни со трансплантиран бубрег

  • Акутно отфрлање на графтот
  • Хронично отфрлање на графтот
  • Други оштетувања на графтот

 

Болни со малигна артериска хипертензија

Болни со комплицирани имунолошки состојби со или без бубрежно засегање

  • Имуноадсорпција
  • Плазмафереза