Закажете преглед

Закажи преглед

389 2 3091500

Стерилизација

Централна стерилизација

Централната стерилизација опфаќа комплексна предстерилизациска и стерилизациска постапка при обработка на медицинските помагала, како основен предуслов за асептичко работење.

Прием на медицински помагала за обработка

• стандардизација на транспорт и прием на медицински помагала;

• обработка на медицински помагала;

• третман на инструменти во ултразвучна кадичка;

• машинска обработка на флексибилна ендоскопија;

• машинска обработка на шишиња за аспирација, набулајзери, тацни;

• машинска обработка на хируршки инструменти, контејнери, црева за аспирација, бебешки шишенца, кломпи…;

• документирање на постапките индикатори;

• контрола на полнење со хемиски индикатори.

•документирање на стерилизациската постапка

• еднострано пакување во фолии;

• двострано пакување во фолии;

• пакување во контејнери;

• пакување во крпи и креп хартии.

Затворање на фолиите (двокомпонентно пакување од ламинатен филм и хартија од чиста целулоза помеѓу кои се наоѓа индикатор за автоклав стерилизација и гасна стерилизација) со помош на машина за лемење на температура од 175 оC.
Затворање на фолиите (двокомпонентни пакувања помеѓу кои се наоѓа индикатор за плазма стерилизација) со помош на машина за лемење на температура од 135 оC.

Стерилизациска обработка на медицински помагала

Автоклав стерилизација – на пареа

• најпогодна;

• најуспешна;

• најевтина.

Формалинска стерилизација

• ниска температура на 60 оC;

• работа во негативен притисок.

Плазма стерилизација со H2O2 и високофрекфентна струја

• сигурна;

• веродостојна;

• брза;

• ниска температура на 55 оC;

• нема штетно дејство на околината.

Контрола на стерилизациската постапка

• вакум тест;

• Bovie & Dick-тест;

• биолошка контрола со 3М Атест биолошки.

•складирање на медицинските помагала, издавање и транспорт.

•документирање на издавањето на медицинските помагала.