00389 2 3091 484
февруари 02,2016
Во новата болница во која од 1 март ќе работи д-р Жан Митрев со својот тим применети се најновите методи, технологии и материјали за добивање на енергетски ефикасен објект во делот на греење, ладење, климатизација и вентилација (ГЛКВ). Болницата работи 24 часа на ден, затоа потребите за одржување на температура, влага, потребен број на измени на воздух се константни.
Изворот на енергија за ладење и греење на болницата е прв од повеќето фактори кои влијае на вкупната потрошувачка на енергија за системите за ГЛКВ. Од енергетскиот биланс на потребите на болницата за ладна и топла вода во преодните периоди се изедначуваат или се многу блиску. Затоа како главен извор на топлинска/ладилна енергија беа одбрани поливалентни топлински пумпи вода/вода, со висок коефициент на искористливост (СОР) производ на Rhoss. Поливалентните топлински пумпи можат симултано и независно да даваат топла и/или ладна вода, доколку објектот тоа го побарува. Ова значи дека во случај на истовремени и спротивни оптоварувања, степенот на тотална ефикасност (total efficiency ratio -TER) ќе се зголемува значително.
За дистрибуција на медиумот за ладење/греење се примени најнова генерација енергетски ефикасни фреквентно водени циркулациони пумпи тип TP, TPE и MAGNA 3,производ на Grundfos.
За регулација на медиумот за дистрибуција се поставија баланс вентили, производ на Herz со кои се овозможува прецизна контрола на количината на медиумот за ладење/греење и со ова заштеди преку помали трошоци за работа на пумпите и изворот на енергија.
Втор главен потрошувач на енергија во болниците преставува системот за дистрибуција на воздух. Кај оваа болница ова преставуваше уште поголем предизвик затоа што нема прозорци кои се отвораат и целата измена на воздух треба да биде принудна. За оваа цел се избраа климакомори производ на Trox и Rhoss со највисока енергетска класа А, со енергетски ефикасни компоненти и вентилатори , контролирани од фреквентни регулатори.
Со цел да се намали енергијата потребна за дистрибуција на воздух, која во болниците преставува значителен дел од потрошувачката на енергија, за деловите на администрацијата и болничките соби како главен извор за ладење, греење и уфрлање на свеж воздух се одбраа и вградија за првпат во болница во Македонија активни индукциони дифузори (active chilled beams).
Системот за ладење и греење со индукциони дифузори овозможува одличен термален комфор, зачувување на енергијата и ефикасно користење на просторот благодарејќи на топлинскиот капацитет на водата користена како главен топлински медиум.
Во режим на ладење, воздухот се кондиционира и климатизира па со температура од 16ºС се носи во DID632 индукционен дифузор со иструјни отвори. Овој тип на дифузор е способен да рециркулира околу 7,5(m³/h) од внатрешниот воздух преку неговиот топлински изменувач за секој 1(m³/h) на примарниот воздух кој се носи од климакомората.
Воздухот од климакомората покрива 20-30 % од сензибилните добивки и 100% од латентните, додека 70-80 % ќе се обезбедат ќе се обезбедат со ладење на собниот воздух преку изменувачот од дифузорот.
Во периоди на редуцирани потреби на ладење, протокот на ладна вода низ изменувачот од индукциониот дифузор ќе биде пригушена додека каналскиот и тоталниот издув на воздух ќе останат константни.
Практично кажано, ова значи редукција на тоталната количина на воздух во климакомората од 25 до 50% во однос на комплетен воздушен систем, а како последица на тоа и намалување на вентилаторите и соодветно нивните капацитети.
За контрола на водената страна кај активните индукциони дифузори се применија шестокраки вентили, производ на Belimo,поврзани со соодветен термостат со кој се овозможи варијабилен проток на водена страна, кој пак овозможува дополнителна заштеда на енергија. За контрола пак на главните дистрибутивни гранки, се поставија баланс вентили производ на Herz за контрола на протокот во спрега со контролери на диференцијалниот притисок. Ова овозможува заштеда за работата на циркулационите пумпи.
За контрола на воздушната страна, се применија регулатори на проток, производ на Trox, тип VFL, кој независно од промената на притисокот во каналот, пропуштаат однапред определена количина на воздух. Ова значи прецизна контрола и намалени трошоци за работа на климакоморите.
За деловите од болницата(интензивна нега, операциони сали, стерилизација) каде се бараа посебни хигиeнски услови, се поставија вртложни дифузори со Хепа филтри и соодветни VAV/CAV регулатори на проток ,тип TVR-Easy производи на Trox. Оваа опрема со својот висок квалитет овозможи прецизна регулација и сигурност во работењето на овие витални делови од болницата.
Како 100 % резервен систем за греењето , се поставија кондензациони гасни котли,поврзани во каскада,вкупно 15 котли, секој со капацитет до 120(kW) со висок степен на полезно дејство од 108 %, тип VUH производ на Vaillant .