00389 2 3091 484
април 04,2016
Здружението на медицински сестри за интензивна нега од Македонија, стана рамноправна членка на EfCCNa – Европска федерација на сестрински асоцијации за интензивна нега, кој неодамна се одржа во Париз.
Бројните активности на сестрите од Здружението на интернационалните сестрински собири , беа забележани од страна на долгогодишните членки на Федерацијата по чија иницијатива беше пополнета апликацијата за членство. Во EfCCNa рамноправно членуваат 27 земји.
Претставникот од Македонија во оваа федерација, Жанета Богоевска – Митева, дипл.мед сестра, специјализирана за интензивна нега и лекување, одговорна на одделот за интензивна нега и лекување во „ Филип Втори“ , непосредно по приемот на здружението во федерацијата го изјави следното:
„ Ова е голем чекор за нас , драго ми е што нашето здружение стана дел од Европската федерација на сестрински асоцијации за интензивна нега. Очекувам афирмација на сестрите за интензивна нега од Македонија на европско ниво, преку нивно поактивно учество на сите позначајни меѓународни сестрински собири се со цел издигнување на сестринската професија во Македонија на заслуженото ниво. Исто така тоа учество ќе понуди и можност за превземање на иницијатива за научно-истражувачка дејност, размена на искуства со другите земји членки на Федерацијата, неминовни промени во образовниот систем и активно учество во истиот“ .
Здружението на медицински сестри за интензивна нега е отворено за сите професионални истомисленици.