00389 2 3091 484
септември 26, 2022
Болестите кои влијаат на уринарниот систем имаат голема преваленца кај популацијата и иако некои нарушувања се решаваат брзо, дел можат да бидат присутни во текот на целиот живот.
Уринарниот тракт е изложен на надворешни влијанија, па затоа многу често е можно да бидете нападнат од патогени микроорганизми кои предизвикуваат инфекции и болести. Покрај тоа, поради генетски нарушувања или стареење на уринарниот тракт, можно е да се развијат состојби кои ја загрозуваат неговата функционалност.
Уролошките болести имаат тенденција да се поприсутни кај женската отколку кај кај машката популација. Ова делумно се должи на природата на самите репродуктивни органи. Имено жените се поизложени на напад на патогени микроорганизми, бидејќи нивната уретра е пократка.
Генерално целото население е подложно на болестите за кои ќе зборуваме подолу, а важно е и да се напомене дека доколку ги препознаеме и идентификуваме причините, предизвикувачите, симптомите и содветно ги третираме, можно е да се намали инциденцата на овие состојби.
Циститисот е едно од најчестите уролошки заболувања и е всушност воспаление на мочниот меур поради бактериска инфекција. Затоа, честопати е позната како „уринарна инфекција“.
Циститисот е многу почест кај жените отколку кај мажите и симптомите се манифестираат со:
Најчестиот третман се состои во употребата на антибиотици, бидејќи тие обично имаат бактериско потекло, во комбинација со многу течности и чаеви.
Простатитисот е типично уролошко заболување кај мажите бидејќи само мажите имаат простата. Тоа е воспаление на жлездата кој произведува сперма, течност која ја одржува и пренесува сперматозоиди. Кога оваа жлезда е воспалена, тогаш зборуваме за простатитис.
Најчестите симптоми на простатитис се:
Ако простатитисот се должи на бактериска инфекција, третманот ќе се состои од антибиотици. А лекарот исто така може да препише анти-инфламаторни лекови за ублажување на болката и воспалението.
Уретритисот е уролошко заболување кое се карактеризира со воспаление на уретрата односно на така наречениот мочовод т.е цевката што носи урина од мочниот меур кон надвор. Главната причина е инфекција од бактерии или габи, иако можат да го предизвикаат и некои вируси исто така.
Обично е предизвикано од сексуално преносливи патогени, како што се хламидија, гонореја или вирус на херпес симплекс, кои ги колонизираат ѕидовите на уретрата.
Главните симптоми на уретритис се:
Доколку инфекцијата има бактериско потекло, антибиотиците ќе бидат ефикасни. Исто така, може да се препишат лекови за ублажување на болката.
Камењата во бубрезите се тврди наслаги на минерали кои се формираат во бубрезите како резултат на кристализација на компонентите на урината.
Главните причини се недостаток на вода. Недоволното конзумирање на вода резултира со поконцентрирана урината. Истот се случува при исхрана богати со протеини, сол и шеќер. Прекумерната тежина исто така е фактор како и постоењето на дигестивни болести итн.
Симптомите се појавуваат кога „камчињата“ преку мочниот канал се обидуваат да се движат од бубрезите до мочниот меур и се манифеситраат со:
Третманот на камчињата во бубрезите се состои од антибиотици ако постои инфекција. Исто така доколку каменот не може да се исфрли по природен пат, третманот може да вклучи изведување оперативен зафат.
Уринарната инконтиненција е уролошко нарушување кое во голема мера го компромитира животот на пациентите. Засегнатото лице ја губи контролата врз мочниот меур, и не може да ги контролира нагоните за мокрење, на тој начин може да испушти неволно урина при кашлање, смеење, кивање. Многу често пациентот нема време да стигне во тоалет. Тоа е чест проблем кој влијае на квалитетот на животот.
За да се намали веројатноста за развој на ова нарушување потребно е да се избегне или намали прекумерната тежина, тешките физички активности, прекумерна употреба на кофеин, алкохол и цигари. Добар совет е вклучување во исхраната продукти богати со растителни влакна.
Ноктуријата е многу често уролошко нарушување, особено кај постарите луѓе, кои се принудни да се будат неколку пати ноќе за да уринираат. Ова значи дека засегнатото лице не мирува, појавувајќи здравствени проблеми како резултат на нарушен сон.
Може да биде предизвикано од уролошки инфекции, откажување на бубрезите, злоупотреба на кофеин и алкохол, пиење многу течности пред спиење итн. Сето ова потоа доведува и до уште посериозна дсостојба позната како полиурија или прекумерно излачување на урина.
Третманот се состои во ограничување на внесот на течности и елиминирање на кафе и алкохол, бидејќи тие се диуретици кои ја зголемуваат активноста на мочниот меур. Може да се дадат и антихолинергици, кои делуваат обратно, односно ја намалуваат активноста на мочниот меур.
Пиелонефритисот е уролошко заболување кое се карактеризира со инфекција која започнува во мочниот меур или уретрата, но се шири на бубрезите, предизвикувајќи разни нарушувања на бубрезите.
Главните симптоми на пиелонефритис се:
Оваа болест мора да се третира брзо, во спротивно може да доведе до сериозна бубрежна слабост или бактериемија, која значи преминување на бактериите во крвта. Овие две компликации се опасни по живот. Затоа, итно треба да се започне со соодветен третман со антибиотици.
Бубрежна инсуфициенција е уролошко заболување кое се карактеризира со ненадејно-акутно слабеење или постепено-хронично откажување, губење на капацитетот за прочистување на бубрезите.
Причините за оваа болест се различни: траума на бубрезите, камења во бубрезите, проблеми со циркулацијата, срцева слабост, висок крвен притисок итн.
Најчести симптоми се:
Кога бубрезите веќе не можат да функционираат, третманот ќе се состои од трансплантација на бубрег или терапија со дијализа, машина што вештачки го отстранува отпадот од телото.
Нефротичен синдром е уролошко заболување кое се карактеризира со прекумерно излачување на протеини во урината. Тоа се должи на оштетување на крвните садови на бубрезите, што ги прави бубрежните клетки задолжени за филтрација да не можат да ги задржат протеините и тие да бидат елиминирани.
Најчести причини се други болести на бубрезите, земање многу лекови или добивање инфекции, особено хепатитис.
Најчестите симптоми на нефротичен синдром се:
• Пенeста урина
• Оток на очите и нозете
• Зголемување на телесната тежина
• Губење на апетит
• Замор
Третманот ќе се состои во решавање на болеста што предизвика нефротичен синдром. Лекарот ќе препише лекови за контрола на крвниот притисок, диуретици, разредувачи на крв, супресанти на имунолошкиот систем итн.
Се развива во уротелијалните клетки на мочниот меур и обично влијае повеќе кај мажите отколку жените.
Најчести причини за овој карцином се: пушењето, изложеност на високи дози на зрачење или хемикалии, хронична иритација на мочниот меур и инфекции.
Најчестите симптоми на овој карцином се: