13-ти септември – Светски ден на сепса

Настани

септември 13, 2023

Секоја година на 13ти септември се одбележува светски ден на СЕПСА. Денот посветен на сепса е наменет за едукација на луѓето за сепса – како животозагрозувачка состојба, за причините за нејзино настанување, кои се симптомите, како се превенира и третира.
Насекаде во светот сепсата останува една од најчестите и најдоцна препознаени состојби која носи огромен број човечки животи.

На годишно ниво од сепса заболуваат 47-50 милиони луѓе, од кои 11 милиони умираат – или еден смртен случај на секои 2.8 секунди.

Сепса е екстремен одговор на имуниот систем на било каква инфекција, која може да доведе до оштетување на органи, шокова состојба, мулти орган дисфункција, а не ретко до смрт.
Сепса е сериозна здравствена состојба која може да биде предизвикана од вирусни, бактериски или фунгални причинители и може да настане кај жуѓе на секоја возраст. Различни видови на инфекција како примарно жариште може да биде причина за настанување на сепса – како што е: уринарна инфекција, пнеумонија, инфекција на кожа, гастроинтестинални инфекции итн.

Оваа состојба е со висока стапка на смртност и се движи од 15-50%, но и многу од оние кои преживеале сепса во текот на животот се соочуваат со сериозни компликации.