00389 2 3091 484
декември 12,2013
18-ти Конгрес на Здружението на Албански лекари
Во периодот од 26-27.10.2013 година во Хотел Дрим во Струга се одржа 18-тиот Конгрес на Здружението на Албански лекари, на кој како предавач и одговорен на две стручни сесии беше поканет и Академик др Жан Митрев. Тема на неговото предавање беше “ Хируршки третман на пациенти со генерализирана атеросклероза”
Др Иван Милев одржа предавање на тема “ Интервентни процедури кај пациенти со вродени срцеви мани”
Специјалната болница по хируршки болести Филип Втори на овој конгрес беше застапена и со повеке постер презентации:
1. Балон валвулопастика на пулмонална валвуларна стеноза – др Шпенд Идризи2. Евалуација на коронарните артерии со ЕКГ водена компјутерска ангиографија, кај пациенти со патологија на аортниот корен- наши искуства- др Лидија Велјановска Кираџијска3. ПЦИ в.с. ЦАБГ во третман на повекесадовна коронарна болест – др Шпенд Идризи4. Итни случаи во кардиоваскуларната хирургија – др Жан Митрев5. Транскатетер емболизација во различни патолошки условина абдомен и карлица- др Звонко Атанасов6. Третман на постифарктен ВСД- др Енвер Идоски7. Интраоперативна 3Д трансезофагеална валвуларна евалуација – др Тања Анѓушева