00389 2 3091 484
мај 18, 2018
Здружението за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија на Македонија на 18.05.2018 во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic (ZMC) го одржа 18-тиот редовен научен состанок. Главната тема за која дискутираа еминентни специјалисти од областа беше инконтиненцијата на урина (неволното испуштање на урина), често нарушување кај популацијата на овие простори.
Со свои излагања учествуваа:
Се елаборираа најсовремените микроинвазивни техники на хируршки третман, кои во нашата клиника се изведуваат од страна на меѓународно докажани стручњаци од областа. Исто така се посвети внимание и за новите конзервативни методи на третман. Темата на овој научен собир е намерно нагласена поради видниот напредок во терапискиот пристап (хируршки и конзервативен) кој се бележи во ZMC.