00389 2 3091 484
јули 07,2022
Остеопорозата претставува метаболно заболување на коските кое се карактеризира со нивна намалена густина и подложност на скршеници при минорна траума.
Ризик фактори кои придонесуваат за појава на остеопороза се: пушење, недоволен внес на калциум и Витамин Д, возраст над 50 години, рана менопауза, неактивен стил на живот, долготрајна употреба на кортикостероиди.
Сите жени над 65 годишна возраст, треба да направат скрининг за остеопороза со помош на коскената дензитометрија.
Самата дијагноза остеопороза, заедно со проценката на ризик за скршеници вклучува повеќе фази: анамнеза, одредување на коскена густина – DEXA скен, FRAX скор и лабораториски иследувања.
Дензитометријата како рентгенографска техника за откривање на остеопорозе е со голема прецизност. Иако таа може да се користи за мерења на сите коски од скелетот, клиничките мерења вообичаено се прават на слабинските рбетни пршлени и на колковите, а по потреба и на подлактицата.
Коскената густина во овие подрачја се мери затоа што луѓето со остеопороза имаат поголема опасност да направат скршеница токму на овие коски, скршениците на овие места предизвикуваат сериозни проблеми со долго време на опоравување, поголема болка и инвалидност. Секако дека може да се предвидат и идни скршеници на останатите коски.
Иако постојат и многу други техники развиени за оваа намена, сепак остеодензитометријата нуди најпрецизни мерења на повеќе скелетни места со најмала изложеност на зрачење и согласно сите тековни препораки во светот е алатка број еден за соодветен скрининг на остепорозата.
Во Клиничката болница Жан Митрев, на располагање е апарат за мерење на коскената густина (DEXA скен) од најновата генерација, како и искусен лекарски тим специјално обучен и подготвен да препорача понатамошен третман и лекување на оваа состојба.
Моментално снимањето за коскената густина како и компјутерската томографија (КТ), магнетна резонанца (МРИ), РТГ, 2Д и 3Д мамографија и ехо на дојка се со намалување од 30%.
Закажете го вашиот термин на 02 3091 484.