00389 2 3091 484
ноември 11,2020
Здравјето на вашето срце зависи директно од начинот на живот што го практикуваме. Физичката активност и здравата исхрана треба да се неразделен дел од нашата дневна рутина.
Пролонгираното работно време нè принудува да седиме со часови, потоа да се вратиме дома најчесто со превоз, наместо пешки, да јадеме и да си легнеме. Ваквата рутина е главната причина за седентарен начин на живот и е главен непријател на здравјето на нашето срце.
Соочени со оваа реалност, лекарите предупредуваат за уште еден фактор што директно влијае на нашето срце, потврдувајќи дека „лошата исхрана особено влијае на здравјето на срцето. Евидентно е прекумерното консумирање на сол а малку калиум, комбинирано со недостаток или консумирање на многу мала количина разновидно сурово овошје и зеленчук, како и консумирање на лоши масла “.
5 совети за да се грижите за здравјето на вашето срце
Доколку имате седентарен начин на живот, диета/ исхрана богата со натриум и сте пушач, проверете го крвниот притисок, бидејќи хипертензијата е тивка болест, со тешки последици, кои предизвикуваат долгорочно проблеми со срцето и бубрезите.
Извршувањето на физички преглед е најефективната опција за исклучување на можни срцеви патологии, како и изведување на електрокардиограм преку ултразвук, што овозможува да се види внатрешноста на срцето и да бидат открини абнормалности кои не се манифестираат клинички.
Кардиолозите препорачуваат да ги практикувате следниве пет чекори како постапки кои ќе придонесат за здравјето на вашето срце: