00389 2 3091 484
мај 11, 2010
„ONE MAN SHOW“Првпат го запознав Д – р. Жан Митрев кога од унивезитетот во Гисен бев испратенво Република Македонија поради научна соработка. Бев вчудоневиден од фактот што осознав, дека целокупната кардиохирургија во Македонија се сведува буквално на еден кардиохирург, на Академик Д – р . Жан Митрев, кој што целата работа ја изведува како „ONE MAN SHOW“.Меѓутоа, набргу открив дека целокупната дејност на кардиохирургијата во клиниката „Фили Втори“ се изведува според многу високи стандарди, на исклучително меѓународно ниво, дури и со нови техники за кои не знаев и немав слушнато дотогаш, од што, исто така бев изненаден.Без сомнение, бев фасциниран гледајќи како со голем успех се вршат многу тешки кардиохируршки интервенции, но следејќи ја работата, заклучив дека операциите се лесни и безбедни за пациенитите .Воодушевува и техничкиот потенцијал на специјалната болница за кардиохирургија „ Филип Втори“ во Скопје . Тој потенцијал навистина е огромен , особено ако се има во предвид дека станува збор за релативно нова клиника , за „млада“ установа . Голем дел од современата опрема е од германско потекло, набавен од мојата земја , од Германија. Кога тоа го видов бев и малку збунет, и секако одново зачуден , соочувајќи се со реалноста, дека овде во „Филип Втори“ има понова техника дури и од онаа што ја има универзитетот во Хисен, од каде што доаѓам .Тимот е добро обучен и добро огранизиран, почнувајќи од одделението за анстезиологија , па се до интензивна нега. Мој впечаток е дека целокупниот персонал, од техничките служби до лекарските тимови, од анестезиолозите до кардиолозите, би можел мошне лесно да се вклопат во било која кардиохируршка клиника во Германија, бидејки сосема одговара на германските стандарди.Одлуките и активностите се доста брзи и компететни, и се само за доброто на пациентите. „ Филип Втори“ е прекрасен пример за добро организирана медицина , фокусирана во интерес и за добробит на пациентите. Структураланата основа е добро поставена така што може да организираат успешни медицински програми и здравствена заштита во Македонија, со сопствената специјалистичка дејност.Накусо кажано – се работи за една исклучителна клиника која што работи според најстрогите светски стандарди , и сето тоа во полза на пациентитe, а сето тоа може да биде посочено за пример, насекаде во светот. За тоа, чинам, сепак, најголемата заслуга му припаѓа на врвниот кардиохрург и прекрасен човек, Академик Д – р. Жан Митрев.Д-р Бабин Ебел , Германија
http://www.ctsnet.org/home/jbabin-ebell