00389 2 3091 484
јули 20, 2021
Природно е да помислите на вода кога ќе го слушнете зборот „хидратација“. Со право, хидрирање на кожата значи зголемување на содржина на вода во неа. Ако вашата кожа е дехидрирана, таа може да изгледа испукана, затегната, сува и без сјај.
Хидрираната кожа е мазна, сјајна и има изедначен тон. За да го постигнете ова, треба од време на време да ја задоволите ,,жедта,, на вашата кожа.
Сепак, луѓето често имаат тенденција да ја мешаат дехидрираната кожа со сувата кожа. Иако се користат како синоними, сепак постои основна разлика помеѓу двете.
На дехидрираната кожа и недостасува вода, додека на сувата кожа и недостига доволно количество на себум. Сувата кожа може да биде и резултат на конзумирање одредени лекови или пак заболувања.
Факторите на влијание како: клима, начин на живот, возраст и производите што ги нанесувате на вашата кожа може да придонесат за промена на типот на вашата кожа.
Додека хидрирањето на кожата бара да и додадете вода, навлажнувањето на кожата подразбира додавање состојки кои ја заклучуваат водата внатре. Навлажнувањето и хидратацијата вообичано треба да одат рака под рака.
Ако само додадете вода на кожата, може привремено да се чувствува оптегната. Сепак, водата ќе исчезне од вашата кожа ако нема со што да ја задржите.
Навлажнувањето вклучува додавање состојки кои ја сочувуваат влагата и ја поправаат бариерата на вашата кожа. Ова спречува губење на вода и ја подобрува текстурата и здравјето на вашата кожа.
A. Хијалуронска киселина
Таа игра важна улога во хидрирање на вашата кожа и одржување на нејзината еластичност. Водоврзувачките својства на хијалуронска киселина помагаат во надополнување на вашата кожа, а исто така спречуваат рани знаци на стареење.
Б. Глицерин
Тој е популарна состојка во индустријата за убавина, има хидратантни својства кои можат да ја ослободат кожата од чувство на сувост и чешање. Ова е затоа што глицеринот е навлажнувач. Значи, работи со привлекување на влага од околината на површината на вашата кожа.
C. Уреа
Таа е широко користена состојка во дерматолошкиот свет, уреата ги раскинува/олабавува врските и го распаѓа закоравениот протеин, ослободувајќи ја кожата од грубост и чешање.
D. Керамиди
Ова се состојки за надополнување на кожата, како цементот што ги поддржува тулите на зградата. Тие ја сочинуваат и поправаат бариерата на вашата кожа, што спречува губење на вода и поттикнува задржување на влажноста.
Е. Пантенол
Тоа е состојка која продира низ кожата и им дава влага на клетките. Исто така, спречува губење на меѓуклеточна вода. Ова значи дека ги подобрува функциите на кожата како бариера преку стимулирање на клетките кои ја зголемуваат истата.
Освен овие неколку основни секојдневни чекори, најдобар и најбрз метод да обезбедиме длабинска хидратација на кожата, особено во летниот период е со третмани на мезотерапија кои се достапни во нашиот центар за естетска дерматологија каде сега консултацијата е бесплатна.