7 здрави цели кои би можеле да ги ставите на вашата листа за следната година

Дневна доза здравје

декември 30, 2021


Новата година означува нов почеток. Вообичаено сите правиме ретроспектива поставувајќи си нови цели. Најчесто станува збор за работи кои би сакале да ги спроведеме во насока на личен напредок и подобрување. Тоа може да вклучува секако и здравствени цели, како што се губење на тежината, следење поздрава исхрана и започнување рутина за вежбање.

Понекогаш овие цели, доколку се премногу рестриктивни и неодржливи, истите ќе бидаат прекршени во рок од неколку недели. Ова е причината зошто многу луѓе си ги поставуваат истите цели од година во година.

За да се прекине тој циклус, важно е да се спроведат вистинските цели кои не само што можат да го подобрат здравјето, туку и ќе се следат доживотно.

Еве неколку такви цели:

Јадете непреработена храна

Еден од најлесните и најодржливите начини за подобрување на целокупното здравје е да јадете повеќе непреработена храна.
Непреработената храна, вклучително зеленчук, овошје, јаткасти плодови, семки, интегрални житарки и риба, содржи многу хранливи материи што му се потребни на вашето тело за да функционира на оптимално ниво.
Истражувањата покажуваат дека спроведувањето на исхрана базирана на непреработена храна може значително да ги намали факторите на ризик за срцеви заболувања, проблеми со телесната тежина и нивото на шеќер во крвта, како и да го намали ризикот од одредени болести, како што е дијабетес тип 2.
И што е најважно, додавањето на повеќе непреработена храна во вашата исхрана може да се прави бавно и доследно. На пример, ако не сте навикнати да јадете зеленчук, започнете со додавање на една порција од вашиот омилен зеленчук во вашата исхрана секој ден.

Седете помалку и движете се повеќе

Многу луѓе седат повеќе отколку што треба. Без разлика дали тоа е поради седечкиот начин на работа или едноставно сте неактивни, премногу седење може да има негативни ефекти врз здравјето. Всушност, тоа може да биде поврзано со зголемен ризик за вашиот живот воопшто.
Одлуката за помалку седење е лесна и достижна цел, која може да се прилагоди за да одговара на вашиот животен стил.
На пример, ако вашата работа е на биро и бара долги периоди на седење, одете 15 минутна прошетка по ручекот или да станете и раздвижете се 5 минути на секој час.

Намалете ги засладените пијалоци

Намалувањето на внес на засладени пијалоци е паметна идеја имајќи предвид дека токму засладените пијалоци се поврзани со зголемен ризик од дебелина, замастен црн дроб, срцеви заболувања, отпорност на инсулин и кариес и кај децата и кај возрасните .
Иако комплетното откажување од засладените пијалоци е секогаш опција, постепеното намалување на внесот може да ви помогне да се ослободите од навиката за слатки пијалоци засекогаш.

Спијте поквалитетно

Спиењето е суштински дел од целокупното здравје, а лишувањето од сон може да доведе до сериозни последици. На пример, недостатокот на сон може да го зголеми ризикот од зголемување на телесната тежина, срцеви заболувања и депресија.
Постојат многу причини зошто луѓето не спијат доволно, па затоа е важно да се фокусирате на вашиот распоред и начин на живот за да ги одредите најдобрите начини за подобрување на количината и квалитетот на спиењето.
Намалувањето на времето поминато на сите видови електронски уреди (ТВ, мобилен, компјутер итн.) пред спиење, намалувањето на светлина во вашата спална соба, намалувањето на кофеинот и легнувањето во разумно време, се неколку едноставни начини за подобрување на навиките за спиење.

Најдете физичка активност во која ќе уживате

Секоја Нова Година, луѓето купуваат скапи членства во теретани, студија за вежбање и онлајн фитнес програми со надеж дека ќе ги решат вишокот телесна тежина во годината што доаѓа. Иако повеќето луѓе почнуваат интензивно, мнозинството не ја претвораат својата нова рутина во трајна навика.

Сепак, постои начин да си ги зголемите шансите за остварување на целите поврзани со вежбање. За да започнете, изберете активност во која ќе најдете задоволство и ќе уживате. Секако клучно е таа да се вклопува во вашиот распоред.
На пример, пешачењето половина час, џогирањето или возењето велосипед пред работа или пливањето и вежбање во теретана што е на пат кон дома, се едноставни и одржливи решенија за вежбање.

Потоа, поставете остварлива цел. Планиирајте да пешачите неколку одредени денови неделно наместо да се стремите кон секој ден.
Поставувањето пореална цел може да ги зголеми шансите вашата нова рутина да биде трајна, особено ако започнувате со вежбање.

Одвојте повеќе време за себе и вежбајте грижа за себе

Одвојувањето време за себе не е себично. Всушност, тоа е императив за оптимално здравје и благосостојба. Ова е особено точно за оние во улоги на старатели, како што се родители и здравствени работници.
За луѓето со полн распоред и ограничено време, донесувањето одлука за поголема грижа за себе може да потрае и да захтева одредено планирање. Сепак, вреди да се вложи напор во обезбедување грижа за себе.
Грижата за себе не мора да биде специфочна или да ви одзема време. Тоа едноставно може да значи да си ја наполните кадата еднаш во неделата, да присуствувате на вашиот омилен неделен час по јога, да подготвите здрав оброк за себе, да одите на прошетка во природа или да отспиете еден дополнителен час.

Гответе повеќе оброци дома

Истражувањата покажуваат дека луѓето кои готват повеќе оброци дома имаат подобар квалитет на исхрана и помалку телесни масти од луѓето кои јадат повеќе оброци во движење, подготвени во ресторан или слично.
Всушност, една студија во 11.396 возрасни покажа дека оние кои јаделе 5 или повеќе домашно зготвени оброци неделно имале 28% помали шанси да имаат прекумерна тежина, во споредба со оние кои јаделе помалку од 3 домашно зготвени оброци неделно.
Започнете со правење еден оброк дневно, а потоа зголемете ја фреквенцијата со текот на времето додека не го подготвите најголемиот дел од вашите оброци и закуски дома.

Иако повеќето новогодишни одлуки се применубваат само за краток период, здравите решенија наведени погоре се одржливи начини за подобрување на вашето физичко и емоционално здравје што може да се следи доживотно.

Создавањето поздрав однос со храната и подобра грижа за вашето тело и ум може драстично да го подобри вашето здравје на различни начини.

Оваа Нова Година, применете барем дел од здравитре навики – и годините што следат – да бидат најздрави и најсреќни можни.