8 ноември – Светски ден на радиологијата

Настани

ноември 7, 2024

08.11.1895г. е денот кога Вилхелм Рентген ги открива рентеген зраците со што се отвараат нови видици во медицината. Од овој ден и невидливото станува видливо. Всушност радиологијата како гранка во медицината станува ОЧИТЕ НА МЕДИЦИНАТА.
Бројните се дијагностичките процедури на база на рентген зраци кои се развиваат низ годините: рентген, ангиографија, мамографија и компјутеризираната томографија. А, во поново време спектарот на имиџинг модалитети се збогатува и со апарати кои не се на база на рентген зраци како ултразвукот и магнетната резонанца.

Светскиот ден на радиологијата има за цел да ја подигне свесноста за важноста на радиологијата во медицината, односно да потсети на виталната улога на бројните имиџинг модалитети кои се употребуваат во детекција и дијагноистика на различни состојби и заболувања во човековото тело со што е овозможено поефикасно третирање на истите.
Овој ден е посветен на професионалците во полето на радиологијата – лекарите радиолози и радиолошки технолози кои се одговорни за правилно и безбедно користење на методите како и за напредокот на технологијата за подобра и попрецизна дијагностика, а со тоа и подобра нега.

Радиологијата – очите на медицијата, односно радиолизите и радиолошките технолози се неопходен витален сегмент во современата медицина кои преку мултидисциплинарен пристап придонесуваат за ефикасен индивидуален менаџмент на пациентите. Нека им е честит Светскиот ден на радиологијата.