00389 2 3091 484
декември 17, 2018
На 15 и 16 декември 2018 во Zan Mitrev Clinic, Македонското Физиотерапевтско Здружение одржа семинар на тема „КЛИНИЧКА ФИЗИОТЕРАПИЈА“.
– Настанот којшто започна во сабота во нашата клиника ќе се одвива два дена, денеска и утре. Денеска се одвива семинарот со предавања од искуствата, а утре, недела, ќе организираме две работилници за сите присутни. Имаме гости од цела држава како и гости од Бугарија кои претежно се физиотерапевти. Акцентот на денешните предавања е клиничката физиотерапија односно на споделување на искуствата коишто ги имаме како физиотерапевти. Утре пак имаме акцент на работилница за респираторна физиотерапија и манипулативни техники кај пациенти после мозочен удар – непосредно пред отворањето на настанот изјави Никодин Велјаноски Спец. Физиотерапевт, за рех. во хирургија, ортопедија и травматологија и Сертифициран Кинезиотејпинг практичар, дел од тимот на Zan Mitrev Clinic.
Семинарот е поддржан од нашата клиника и на него освен тимот физиотерапевти кои работат во клиниката го следат и претставници од други здравствени организации од државава како и од странство.
Саботната сесија ја отвори Доц. Д-р Константин Митев, од Z.M.C. со темата „Минимално инвазивна остеосинтеза“. Во текот на првиот ден Дипл. ФТ. Лепосава Јовановска, од Z.M.C. имаше излагање на тема: „Физиотерапевтски пристап кај пациент со ревизиска ендопротеза на колк – приказ на случај“ по што следеа и останатите колеги од клиниката.
„Терапевтски пристап кај пациенти со мозочен удар базиран на PNF и Bobath концептите“ е тематиката на која говореше гостинот од Бугарија – Стојан Стоев, IPNF Certified Therapist, IBITA Certified Therapist.
Со свои излагања се обрати и дипл. ФТ. Рита Синани – Халими како и спец. ФТ Аријан Селмани.