00389 2 3091 484
февруари 02,2013
Иновациите од Филип Втори на страниците на Daily News од Евроското Здружение за Кардиоторакална Хирургија (European Association of Cardio -Thoracic Surgery)
Втора номинација за награда на академик др. Жан Митрев на техно колеџот организиран од страна на Европското Здружение за кардиоторакална хирургија. Иновацијата со наслов Suction – assisted bioglue application foe reinforcement of suture line – new haemostatic technique in aortic surgery е презентирана во дневниот весник (Daily News)на здружението, за време на овогодишниот, дваесетишести собир на EACTS, кој се одржа во Барцелона од 27-31 Октомври 2012 година. На состанокот како и секоја година учествуваат сите еминентни професори од областа на кардиоваскуларната хирургија и вообичаено се презентираат најновите достигнувања во оваа област. Техно колеџот е основан од страна на самото здружение со идеја да ги препознава и светски презентира практичните и корисни иновации, а воедно да направи заслужена афирмација на самите иноватори и потстрек за развој и настанување на нови кардиохируршки техники.
Овогодишната номинација на академик др. Жан Митрев е само потврда за неговото долгогодишното работење како кардиоваскуларен хирург и е реален доказ за неговата стручност и елквентност, а воедно е и значајна афирмација на болницата како референтен центар за кардиоваскуларна хирургија.