00389 2 3091 484
декември 7, 2016
Здружението на пензионери од Струмица, по повод 70-години од постоењето, за особен придонес во пензионерското организирање, односно во лекувањето на пензионерите од овој регион, врачи признание на Поликлиниката “Филип Втори“ во Струмица. Во името на основачот и директор, академик д-р Жан Митрев благодараност за наградата пред присутните пензионери изрази д-р Шпенд Идризи, кој доби посебно призание. “ Ова е важна потврда за нашата работа и дополнителен поттик за нас, за и понатаму да работиме на унапредувањето на здравјето на сите, особено на највозрасната популација во Струмица и регионот“, рече д-р Идризи во обраќањето на свечената седница здружението. За новата болница, услугите и новитетите на болницата кои ги спомена тој упати и јавна покана до нив за организирана посета во институцијата во Скопје.
Иницијативата за доделување на признанијата произлегла од долгогодишната соработка на пензионерите со докторите од тимот на д-р Жан Митрев. Претседателката на здружението кое брои членство од 9.500 пензионери, Данче Даскаловска не штедете зборови за да ја искаже благодараноста од професионалниот однос и исклучителната стручност на д-р Митрев и неговиот тим. “Нашето дружење со д-р Митрев започна пред многу години кога му беше направена операција на мојот сопруг. Задоволни од високо професионалниот однос, беспрекорната грижа и лекувањето на мојот сопруг не беше доволно само да ги споделувам искуствата со пензионерите. Сакав да направам нешто повеќе за пензионерите од овој регион. Но, не само за нив, за сите од овој регион. Му предложив на д-р Митрев да направи болница во Струмица, за нивните медицински услуги да бидат поблиску до ова население. Таа идеја на големо задоволство на сите, д-р Митрев ја реализираше“, зборуваше Даскаловска. Годините наназад само добри зборови се слушале од задоволни пациенти, а особено симпатии кај највозрасните од овој крај добивал д-р Шпенд Идризи. “Ова е само мало внимание за него. Ние би препорачале и понатаму да работите на унапредување на здравјето на моите пензионери, да ни ги продолжите животите уште за многу години“, додаде престедателката. За крај, таа препорача до одговорните институции да се направат реформи во областа на здравството, односно да се зголеми бројот на медицински услуги во “Филип Втори“ кои би биле покриени преку Фондот за здравствено осигурување на Р.М. За популарноста на болницата можевме да се увериме од пофалните зборови кои стигнуваа од сите страни, за време на еднодневното дружење во Струмица.
Ги оставивме во позитивно расположение, славеничко, а ние им посакуваме да ја остварат долгогодишната идеја за изградба на Старечки дом во Струмица во најбрзо време.