00389 2 3091 484
ноември 10, 2016
Како претставник од Р. Македонија и дел од тимот на д-р Жан Митрев, во периодот од 20-22 октомври, 2016 г., заедно со останатите учесници таа присуствуваше на бројните предавања и интерактивни работилници, каде се работеше во мали групи. За време на предавањата и работилниците, учесниците се запознаа со предностите на магнетната резонанса, како одлична имиџинг метода која прецизно ја прикажува морфологија на дојките и женските репродуктивни органи, а при тоа разменија искуства со експерти од областа на радиологијата од повеќе европски земји. Секој учесник по положување на тестот, доби сертификат за присуство.
Теми кои беа обработени на курсот :
Базични принципи, стратегија и оптимизација на протоколи при прегледите со магнетна резонанса на дојки и женска карлица;
МР карактеристики за дијагностицирање , диференцирање и следење на бенигни и малигни состојби на дојките и репродуктивните органите во женската карлица и краток осврт на МР снимања на жената и плодот во тек на бременоста .
Директор на курсот :
Riccardo Manfredi , Verona, Italija
Локален организатор:
L.Moulopolis, Atina, Grcija
P.Prassopoulos, Aleksadropoli, Grcija
Место на одржување : Национален униврзитет Атина
Предавачи:
Dr Thierry Metens, PhD , Brisel, Belgija
Dr. Vicente Martinez de Vega , Madrid, Spanija
Dr. R. Manfredi, Verona, Italija
Dr. S. Mehrabi, Verona, Italija
Dr. F. Maccioni, Rim, Italija
Dr. B. Hamm, Berlin , Germanija
Dr. K. Kinkel, Zeneva , Svajcarija
Dr. R. Kubik, Baden, Svajcarija
Dr. M. Müller-Schimpfle, Frankfurt , Germanija
Dr. A. Rockall,London , Anglija
Dr. L. Umutlu , Esen, Germanija