00389 2 3091 484
октомври 10,2010
СООПШТЕНИЕ
Скопје (20.10.2010) – Специјалната болница Филип Втори упатува апел до сите засегнати страни да се не поигруваат со човечки животи и судбини во „играта“ со Фондот за здравствено осигурување.
Филип Втори има проблем со Фондот за здравствено осигурување што единствено може да се реши по правен пат, во меѓувреме сите итни случаи ќе бидат примени во болницата. Никогаш не сме одбиле итен случај, ниту тоа ќе се случи. Многу сме задоволни што годинава може да бидат згрижени сите случаи и во Систина, која најави дека е наша конкуренција. Им посакуваме успех во работата и се надеваме дека заеднички ќе ги подигнеме стандардите на македонското здравство, иако не можеме да сфатиме со која цел тие се вмешуваат во односите помеѓу Фондот и Филип Втори, па дури и јавно го поддржуваат Фондот.
Ние не знаеме каков договор тие склучиле со Фондот и немаме намера да го коментираме. Доколку тие се задоволни со нивниот договор, во ред, но тоа не им дава право да се мешаат во договорот кој треба да го склучат Филип Втори и Фондот.
За жал, вчера македонската јавност беше сведок на манипулација за наводен случај кој завршил од нашата болница во Систина. Станува збор за невистина бидејќи таква пациентка претходно не била примена во Филип Втори како итен случај, ниту на нејзиниот син му биле побарани средства во висина од 5-10 илјади евра, дотолку повеќе што, цените во Филип Втори се јавни и се истакнати и на интернет страницата на болницата.
Повеќе од жално е што во целиот случај вчера се замеша и сопственикот на Систина, кој во Македонија е познат по своите трговски способности. За Филип Втори е невкусно кога за операции, начинот на изведување и степенот на компликации зборува лице кое единствено знае трговија. Јасно е дека трговците за разлика од докторите знаат што е добар бизнис и да претворат момент во заработка, но овде не станува збор за трговија, бидејќи човечкиот живот нема цена. Кај нас не се „спукуваат операциите“, туку се изведуваат од тим на искусни доктори кои веќе 10 години работат во Македонија.
Повеќе информации кај Татјана Лопарски +38971272759 или на e-mail tatjana.loparski@elementpr.mk