Уште еден спасен живот – отстранета кучешка тенија од срцето на 23 годишно момче

Дневна доза здравје

ноември 25, 2015

„ Д-р Митрев беше единствениот кој се нафати да ме оперира и да ја извади  кучешката тенија од моето срце, не само што ми го спаси животот туку  ми понуди и  работа во неговата болницата, благодарение на него денеска сум и жив и вработен“.
Со оваа реченица нашиот колега Кире Илиоски одговорен на болничарите во  „Филип Втори“, раскажува за едно големо премрежје во неговиот живот. Ретко се случува  Ехинококовата циста (кучешка тенија) да се „вгнезди“ во човечкото срце. Кире немал никакви симптоми кои укажувале , предупредувале дека нешто не е во ред . На рутинска контрола за време на отслужување на воениот рок , лекарите виделе дека нешто не е во ред. На ехо преглед ја откриле кучешката тенија .Според нивна претпоставка таа живеела во неговото срце околу 5 години.

„Тоа беше шок и за мене и за моите блиски, бев момче имав само 20 години  , сите бевме збунети, живеев со тој паразит во моето срце а не чувствував ништо, максимално  физички активен, мислев дека сум  здрав, не не било така.  Ја прифатив вистината, се соочив со тоа и знаев дека мора час поскоро да се ослободам од тоа. Имав неколку испитувања, лежев во воена болница , бев три пати и во Германија но никој не се нафаќаше да го отвори моето срце и да ја извади Ехинококовата циста . Ризикот беше голем а исчекувањето ја зголемуваше неизвесноста. Стапивме во контакт со д-р Жан Митрев, тој тогаш се уште работеше во Германија, советот од него беше да не се оперира додека не си оформи капсула околу неа, заради тоа земав  лекови. Терапијата ја примав околу година ипол, како што ми рече д-р Митрев ,веќе беше ппдготвена за де се отстрани без последици  по моето здравје. По отворањето на специјалната болница „Филип Втори“ се договоривме за  операција , моето срце бешево рацете  на д-р Митрев. Во разговорите со него добив  верба дека операцијата ќе има добар крај не се плашев,  со душа чекав да дојде денот 27 март 2001 година,  ден на операцијата.

Состојбата на Кире ја објаснува д-р Тања Анѓушева медицински директор на „Филип Втори“ која се грижела и го лекувала Кире постоперативно како одговорен лекар во одделот на интензивна нега:
„Ехинококовата циста  се наоѓаше во мускулот на предниот ѕид од левата комора и притискаше врз левата предна десцедентна артерија, тоа е артерија која што го храни предниот ѕид со крв, со што го пореметуваше хранењето на истата . Бидејќи цистата беше многу голема, шуплината  на левата комора кај Кире беше толку мала што тој континуирано страдаше од недоволно снабдување на крв на сите органи во неговиот организам. Значи интраоперативно се извади Ехинококовата циста, операцијата беше правена во присуство на специјален хипертоничен раствор ,тоа е раствор со голема концентрација на шеќер за да сите оние живи клетки од Ехинококовата циста кои што постојат, да се уништат за да се спречи ново растења на нова таква циста. Самата операција бара голема вичност на операторот а исто така и одлично знаење на луѓето кои се со него и во постоперативната нега и водење на пациентот.

Опасноста беше огромна бидејќи при вадење на цистата можеше да се пресече главната артерија што го храни левиот мускул и да се предизвика вештачки инфаркт и срцева слабост, кое би значело смрт за пациентот. И затоа многу од центрите го одбиле за оперативно лекување . Операцијата беше неминовна , бидејќи цистата се наоѓаше во близина на самата крвна артерија. Со растењето на цистата  може да врасне во крвниот сад на срцевиот мускул и да се прошири нис целиот организам и да предизвика сепса и шокова состојба и пациентот да почине. Правилното и професионално  следењето е од многу голема корист затоа што тој временски период  ја верифицира успешноста на техниката на неговото лекување. Како што гледате и 14 години потоа Кире е здрав, живее нормално и ние сме горди што го имаме како дел од тимот на „Филип Втори“, изјави д-р Анѓушева.
Кире денеска има 37 години , татко е  на две малолетни деца миомче и девојче на возраст од  5 и 3 години, среќен во кругот на најмилите, поддршката од сопругата ја има постојано. Секој слободен ден го поминуваат во заеднички часови, на места кои им даваат моменти за релаксација и одмор. Спомените секогаш го навраќаат во неговото родно Кривогаштани кое го посетува многу ретко. На работа е почитуван колега, одговорен на болничарите . Повеќе од  13 години Кире  се грижи за болните во „Филип Втори“ исто онака како што за него во 2001 се грижеше медицинскиот персонал на оваа болница.

Стручниот текст за овој случај е даден со елоквентен приказ на техничката постапка  и презервацијата  (односно заштита на мускулното ткиво) така што  секој кардиохирург кој што се бави со таа проблематика може да го види и да го примени во пракса на пациент кој што би му се јавил во секојдневието .Стручниот текст за случајот на Кире и денска после толку години е еден од најчитаните во светот на кардиохиургијата. Ова го покажуваат статистиките на светските стручни здруженија. Горди сме што овој случај на нашиот Кире е еден од најцитираните текстови.
Текстот со стручниот приказ можеде да го видите на следниот линк

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=0fcf799d2c194705ca83ab0da571affcc1c76a141188944c

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a242170f61759ef4f873f6fb05f399a241ca0009e02011b5

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=9878821efb959aefc71728071cf1eaa46c5b58e007555a15

http://biomedupdater.com/urlu8c?srk=a21e694b2ec03abcfff979079c2150d724f2542517495183

http://biomedupdater.com/?&kwr=+2006/6:2015/12[publicationdate]+[[Note:+you+can+edit+the+PublicationDate+and+resubmit+this+query.]]+e8fhef75fd052e2dd722dec4514326e5e09babf41c727f0cb7edac9912595e
1ee4dfaf8539e911e7828
e6d437edaa6bb781df011a86ed376bfab11a45027e0a
059d1d9b5947866b1b3e513e3f41e6cbd6ef527
c36812042cc9f9882e79c669bf2a5a5e8de7177ce3c9
beda8ebd78e0edfa490130e7a4c82d539c0f6b80
8cd594c27ca0bd4849552a6c724543451b4e6b44bcc
c4c01a48668244f451870d2455dc389c490a2g45
c&cmpgp1026Uet1027Ul=ICD51026TET685999042&fwpmd
=301&dt02=&sbr=13751188300028371964
124128340558c9ea3e6115b28afc783268e34b4cb691454&
ndpct=820663469a0bcce605bc512eb95be2
2e0dfe8bbe3c5b11d3112e64cafcb2a944<tl=List+1:+Top+Articles,+Since+2006+(publication+date+of+the+domain+article),+in+the+Domain+of+Article+16318934+and+
Keyword+’cardiosurgery’