00389 2 3091 484
февруари 20, 2017
Течењето на нос, односно секреција на содржина од носната лигавица, како и затнатост се чести состојби кај сите возрасти од популација, но најчести кај децата од претшколска возраст. Кај некои поретко, кај некои почесто, и тоа неколку пати во годината. При тоа, неизбежно се поставува прашањето дали таквата состојба е иницирана од алергија, вирус или пак имало бактериски напад?
Оваа состојба може да биде доста иритирачка, која може да го наруши животниот тек, како и да биде доволна пречка за намалена функционалност во извршувањето на секојдневните обврски и работи. И додека кај некои лица постои верување дека оваа состојба не е “којзнае што”, не многу ретко може да се искомплицира до состојба на спуштање на секретот во белите дробови, да помине до средното уво или да ги нападне синусите.
Дали ќе Ви се појави бистар или густ секрет, ВАЖНО е навремено да се утврди причинителот. Затоа е неопходно да се јавите на доктор, кој ќе ја утврди точната дијагноза, а истиот треба да донесе одлука за преземање на понатамошни мерки. Од таму, треба да се испита причината за појава на оваа состојба, дали е иницирано од вирус, бактерија или пак алергија (алергија дури и на вирус како туѓо тело).
Како да се утврди причинителот?
Се препорачува да се почне од наједноставното и најблагодарното. Треба да се земе брис од назофаринкс (длабоко во носен канал), а некогаш и од вестибулум на нос (надворешен отвор на нос). Доколку се изолира бактерија, треба да се направи проценка, а базирано на податоците од пациентот, дали е настаната на вирусна подлога или е од алергија (влажна и оштетена површина е поволна “клима“ за бактериите). Потоа треба да се испита дали има клиничка индикација за инфекција, или пак се работи за контаминација, а многу често и колонизација? Дали да се чека и колку време? Тоа се неколкуте клучни прашања на кои треба да се одговори, а од кои зависи и соодветниот третман. Многу важно е да се следи и контролира состојбата. Доколку било утврдено дека пациентот има сериозна дијагноза и веќе е отпочнато со земање на терапија, а по издавање на наодот од микробиологија се утврди нешто друго, тогаш е потребно таа да се корегира. Тоа е секогаш дозволено и е многу попрофесионално и етички кон пациентот, а е во согланост и со лекарската етика.
Како да се заштитат децата?
Децата во предучилишни установи се најпогодената група со растечен/затнат нос. Овие состојби, многу често се колонизирани од два вида на бактерии: Streptococcus pneumoniae и Moraxella catarrhalis. Првата претставува една од најмутираните и најотпорни бактерии кон антибиотици, а втората нешто помалку. Нивното активирање е директно поврзано со респираторни вирози, кои кај деца на оваа возраст и во затворени колективи, се јавуваат и по 10 пати во годината. Затоа е потребно навремено да се направи перијатриски преглед, како и микробилошки анализи за да може навремено да се постави дијагноза и соодветна терапија.
Во нашата болница може да закажете за специјалистички пулмоалерголошки преглед кај педијатар, а во Лабораторијата за микробилогија да се направи микробилошко испитување на секретот на Вашето дете. Само на тој начин со систематски приод кон работите и состојбите, но и со добра поставеност кон овој проблем и јакнењето на свеста ќе се пребродат овие кризни периоди во растот на децата. Во општетстевни рамки, релеватните институции треба да иницираат и да ги поддржуваат сите акции за унапредување на свеста, едукацијата и развојот на децата.