Фукнционална магнетна стимулација

Дневна доза здравје

септември 10, 2014

Инфо за фукнционална магнетна стимулација

Специјалната болница “Филип Втори”, следејќи го новиот технолошки напредок во медицината, редовно, прва во регионот ги набавува најновите медицински апарати со кои можат да се применат нови методи за третман на определени заболувања.Одделот за Физикална терапија веќе неколку месеци го користи новиот апарат “Тесла Стим” и нашите физиотерапевти се единствените во Р. Македонија кои се меѓународно сертифицирани од страна на производителот за да ја применуваат функционална магнетна стимулација.Функционалната магнетна стимулација е нова физиотерапевтска стимулативна метода која го користи рапидното променување на магнетното поле за предизвикување на длабока мускулна контракција која не може да се постигне со класична електростимулација.Предноста на оваа метода е тоа што е безболна, неинвазивна и ефикасно го стимулира мускулното ткиво, дури и без директен контакт со кожата.Индикации за примена на функционалната магнетна стимулација се: намалување на акутни мускулни болки, подобрување на циркулација, намалување на тегоби кај дегенеративен ревматизам, третман на неурит, парези/парализи, невропатии (моторни, сензомоторни, мононевропатии, полиневропатии), посттравматски состојби, рехабилитација по имобилизација, третман на спортски повреди, рехабилитација по инфаркт на миокард, постоперативна рехабилитација. Индикации во урологија: уринарна инконтиненција, инконтиненција по радикална простатектомија, фекална инконтиненција, регенерација по породувањето, рехабилитација на карличното дно по операцијата, хроничен простатитис, еректилна дисфункција.

Контраиндикации: вградени пејсмејкери, Hearing pumps, метални импланти