Тимот на д-р Жан Митрев медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија

Дневна доза здравје

јуни 7, 2016

Тимот на д-р Жан Митрев од денеска е медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија. Македонските репрезентативци во сите категории: кадети , јуниори, младинци, сениори ( во машка и женска конкуренција) ќе добијат врвна здравствена контрола и дополнителен третман доколку се појави проблем со некој од репрезентативците.
Ова го потенцираше д-р Жан Митрев на денешното официјализирање на оваа соработка преку потпишување на договор со претседателот на КФМ кошаркарската легенда Петар Наумовски. Ова не е прв пат Специјалната болница да биде заедно со најдобрите македонски кошаркари.
Само за потсетување во 2011 година кога кошаркарите го постигнаа најдобриот резултат на сите времиња во колективните спортови во Македонија, 4 –то место на ЕП, за нивното здравје беше задолжен исто така тимот на д-р Жан Митрев. Тој како лекар дава несебична поддршка на сите генерации спортисти, во различни спортови , со што сака да ја потенцира здравиот начин на живот како избор на сите генерации. Оддруга страна и одговорноста на секој од нас како поединец за доброто на колективот- државата.