00389 2 3091 484
јуни 29, 2015
„Разочарана од сопствената судбина престанав да пишувам поезија за деца“
Велат дека водата ги добива својствата од пределот низ кој поминува а луѓето од поднебјето во кое се родени…Штип останува еден од најдаскалските градови во Македонија и некогаш и сега. На тој учителски свет роден во Штип му припаѓа и тетка Анка. Професорката од болничката соба број 5.
Нашето внимание го привлече со прашањето до д-р Митрев при неговите редовни визити кон сите пациенти. Му се обрати со зборовите „Докторе дали може да ви изрецитирам една моја песна посветена на браќата Кирил и Методиј. Зарем можеше одговорот на толку несекојдневно прашање на биде „не“. Се насмевна професорката и почна:
ШТОМ ФРЛИМЕ ПОГЛЕД НА МИНАТИ ВЕКОЈПОМИНАТИ ВО РОБСТВО ВО НАЈКОБЕН МРАКЌЕ ИЗГРЕАТ ВЕДНАШ ДВА ПРЕСВЕТЛИ ЛИКАОД КОЈ БЛЕСНА ПРВИОТ НА ЗЕМЈАТА ЗРАК
НЕ БИ МОГЛЕ ВЕКОЈ ДА ИЗБРИШАТ ТОА ШТО КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО СОЗДАДОА В МИГИЗМИНАТИ ВЕКОЈ НА НИВНАТА СЛАВАЗА ГРАМ ВО ПРОСТОР УСИЛУВАН БИЛ
НИВНИОТ ОБРАЗ НЕ ГАСНЕ НЕ ГОРИПО ЦЕЛО СЛОВЕНСТВО Е НИВНИОТ ПАТОД ВЛАДИВОСТОК ДО ЕГЕЈОТ СИННИВНИОТ ОБРАЗ НЕ ГАСНЕ НЕ ГОРИПО ЦЕЛО СЛОВЕНСТВО КО НЕКАКОВ ФАР
Следуваше аплауз за старицата која ја троши својата 85 пролет иако како што вели во душата и е доцна есен, и заради датумот на раѓање но и заради сите ветришта и дождови кој и ги донеле годините зад неа. Судбина која ја остарела пред време, тагата по чедата…Ги загубила и двете ќерки во најубавите години:
„Ми се родија на 7 години разлика , на седум години разлика и загинаа. Прво постарата па помладата и двете во сообраќајни несреќи .Едната на 27, другата на 23 години. Од тогаш до денес ми се чини живеам без душава. Но ете Господ уште не ме сака. Пред 2 години ми почина и сопругот и сега сум сама на веков. Доживувам длабока старост и покрај сите болки умот се уште ми слугува. Ако почнам да ви раскажувам за животот роман ќе напишам. Сакав да бидам актерка колку сакав, за ништо друго не размислував кога бев средношколка . Имав можност да глумам во штипскиот тетар. Тогаш немаше многу артисти и дојде еден директор , се поставуваше драма и не одбра 4 девојчиња не праша дали сакаме да глумиме се согласивме и тоа беше првото мое актерско искуство и толку. Потоа сакав да одам на белградската академија за глума но татко ми не ме пушти ми викаше има тука школи немам пари да студираш на страна. Се запишав на филолошки факултет отсек компаративна книжевност со македонски јазик. Професор ми беше Академик Поленаковиќ, секогаш ми викаше Анке тебе академик ќе те правиме , но се омажив останав бремена и ништо од тоа. Моето прво вработување беше во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ овде во Скопје, таму и се пензионирав. Бев првата професорка по македонки јазик во училиштето. Многу сакав да пишувам посебно песни за деца но се разочарав од сопствената судбина и не можев да продолжам со тоа. Пишував и проза и поезија за своја душа. Среќна сум што и денес после толку години моите ученици ме поздравуваат и ме почитуваат, не ме заборавиле. Но години минале, многу генерации, што се онесува до моето здравје се чувам внимавам на себе колку можам но ете со оваа повреда ми се отежна секојдневието. Фала на д-р Митрев за грижата кон мене, не дека е од Штип ама е најдобар “.
Тетка Анка кај нас е донесена после неколку месечни неуспешни обиди во други здравствени установи да и се помогне полесно да ги преброди болките како последица на скршеница на долниот дел од бутна коска.. Операцијата е ризична заради здравствената состојба и староста, но животот мора да се одживее.