5-ти конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество

Дневна доза здравје

септември 10, 2014

5-ти конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество

Од 28-31-ви мај 2014 година во Охрид, се одржа 5-тиот конгрес на микробиолозите на Македонија со меѓународно учество.

Како предавачи беа присутни бројни врвни микробиолози од земјава и странство, како и поканети предавачи од гранки на медицината кои имаат интерес од соработката со микробиолшките лаборатории. Од Специјалната болница “Филип Втори” aктивно учество земаа Др.Снежана Туфекчиевска- Ѓуроска и Др. Катерина Јанковска со две теми: “програма за контрола на интрахоспиталните инфекции во Специјалната Болница по хируршки болести “Филип Втори” и приказ на случај- “Инфекција на трауматска рана со Clostridium perfringens”.