00389 2 3091 484
септември 7, 2015
Превенција и контрола на болнички инфекции
Инфекциите кои се поврзани со престој во болничка установа се нарекуваат болнички, интрахоспитални или нозокомијални инфекции, а нивната честота го одразува квалитетот на работа на секоја болница. Од таа причина Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” има делотворна програма за превенција и контрола на болнички инфекции. Постојат тела за превенција и следење на ИХИ: Тим за контрола на инфекции составен од лекар и сестра и Комисија за ИХИ составена од повеќе клучни и инволвирани субјекти.Постои годишна програма за контрола на инфекции со јасно дефинирани цели, како и пишани протоколи и препораки за контрола на инфекции (протоколи за чистење, дезинфекција и стерилизација, за изолација, сместување и постапка со болниот, за начин на постапување со медицински отпад и друго).Се спроведува едукација на сите профили заради насоки во контролата на инфекции во процесот на пракса и дејствување.Многу е важно раното откривање, изолација и лекување на лица заболени од интрахоспитална инфекција. Се спроведува стратегија за контрола на болнички инфекции во смисол на контрола или елиминација на инфективен агенс, контрола на пренос на инфекција и контрола на резервоар. Се врши следење на инфекции заради откривање на епидемија и евалуирање на податоци кои би ја промениле праксата во процесот на превенција на болнички инфекции, како и контрола на бактериската резистенција кон антимикробни средства.Микробиолошка и епидемиолошка обработка на болниот се врши според клинички индикации.Тимот за контрола на инфекции е достапен за советување на персоналот 24 часа.Установата има обезбедено хигиенски сигурно опкружување за да се избегнат изворите и преносот на инфекции.Микробиолошката служба врши редовна контрола на неживата средина, како и контрола на бактерионосителство кај персоналот и посетителите.Вработените се должни да се придржуваат на сите пропишани протоколи кои се однесуваат на превенција на интрахоспитални инфекции.Здравствените работници кои ја имаат крајната одговорност за постапување со болните се должни да известуваат за сите нуспојави и состојби и подлежат на континуирана едукација.