00389 2 3091 484
септември 28, 2015
Чекајќи стручна помош како да помогнеме на лице кое има срцев застој
Статистички годишно во Европа има oколу 700.000 случаи на срцев застој. Само 5-10 % преживуваат трансфер до болница. Раната реанимација и брзата дефибрилација (во рамките на 1-2 минути) може да резултира со над 60 % преживување.
Што е срцев застој?
Срцев застој (cardiac arrest, infarctus myocardii) претставува неправилна работа на срцето, која може да се карактеризира со безпулсност или вентрикуларна фибрилација. Се карактеризира со појава на агонално(тешко дишење) или целосен престан на дишењето и губење свест. При срцев застој кој трае подолго од 5-10 минути може да се јават хипоксични оштетувања на мозокот и истовремено драстично намалени шанси за повторна реактивација на срцето.Целта на основното одржување во живот и употребата на автоматскиот надворешен дефибрилатор е:
1. Рано препознавање и повикување на итна медицинска помош2. Рана примена на основните мерки за реанимација (BLS), “купување време”3. Рана дефибрилација, реактивација на срцето4. Рана примена на продолжените мерки за реанимација(ALS)
Целта на основното одржување во живот е да се почне со рана реанимација додека не дојде стручна екипа која би го превземала пациентот и би го транспортирала до соодветна установа. Главна цел е да се оспособат немедицинските лица да направат компресија на градниот кош (масажа на срцето), што е и главната цел на реанимацијата, овозможување на циркулација. Насоки и препораки за правилна компресија на градниот кош:- Постави ги дланките на рацете на центар на градниот кош- Поставија едната рака врз гругата- Вкрстете ги прстите- Компресија на градите- Фрекфренција од 100 min-1- Длабочина од 4-5 cm-Дозволете повторно подигање на градите- Лицето кое врши компресија да се менува на две минути
Автоматскиот дефибрилатор е уред што може самостојно да го анализира срцевиот ритам и да препознае дали срцето има потреба за дефибрилација или не, односно може да се употребува и од немедицински лица, што всушност е и неговата цел.Битно е да се напомене дека основното одржување во живот и употребата на надворешниот автоматски дефибрилатор можат да го применуваат и не медицински лица,