Формирање на клубови на пациенти со различни заболувања

Дневна доза здравје

март 11, 2015

Формирање на клубови на пациенти со различни заболувања „МОЈОТ КЛУБ“ ги обединува срцево болните

Преку различни кампањи, едукативни работилници, стручни предавања, совети Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ секојдневно работи на подигнување на здравствената култура. Следен чекор во тој правец е формирање на клубови на пациенти со различни заболувања. Првенчето клуб во нашата болница ќе ги обедини лицата со ангина пекторис и заболување на коронарните крвни садови . Не случајно изборот е направен на овие заболувања бидејќи најголем процент од луѓето во светски и регионални рамки страдаат од болестите на срцето и крвните садови.Членовите ќе имаат можност да бидат во постојана комуникација со нашиот лекарски тим преку организирање на редовни средби, на кои ќе се информираат и советуваат.Со максимален ангажман и стручност на нашите еминентни доктори, преку едукативни предавања навремено ќе ги дознаваат новините, ќе слушнат какви се светските искуства и како живее планетата која страда од болестите на срцето и крвните садови.Тоа ќе им овозможи во одредени ситуации самостојно да си помогнат, поквалитетно да го поминат секој нов ден, со што ќе се олесни животот и на нивните семејства како и на пошироката заедница. Специјалната болница за хируршки болести „Филип Втори“ на сите членови на клубот ќе им овозможи намалување од 30% на трошоците за лекување.

Доколку сакатe да бидете дел од клубот пријавете се на нашата електронска адреса и дајте му живот на Вашето срце.