00389 2 3091 484
ноември 11, 2016
Во рамките на 14-от Балкански конгрес на Радилогија, што се одржа од 13-15 октомври, 2016 г. Во Солун, свое излагање имаше и доктор Лидија Вељановска-Кириџиевска, радиолог во тимот на д-р Жан Митрев. Како претставник од Р.Македонија, а по покана на Балканското Здружение на Радиолози, д-р Вељановска-Кириџиевска, имаше презентација како Е постер, на тема: Нашите искуства во неинвазивна евалуација на вродени аномалии на коронарните крвни садови со КТ ангиографија. Конгресот преставуваше можност за бројните учесници од Балканот да се запознаат со новините во радиологијата преку презентации, а за време на пленарните сесии и работилници да разменат искуства со врвни експерти од различни области од радиологијата.