00389 2 3091 484
октомври 21, 2015
Нова студија : Аорто-коронарно бајпас премостување (АКБП) е подобро решение од повеќесадовни перкутани коронарни интервенции (ПКИ)
Аорто-коронарното премостување(АКБП) претставува оптимална терапија за повеќесадовна коронарна артериска болест и треба ентузијастички да се прифати од мултидисциплинарни тимови за срце како најдобра терапија базирана на докази. Ова го изјавуваат истражувачите на најновата студија која е објавена на 29. 09. 2015 во едно од најпрестижните кардиолошки списанија- Journal od the American College of Cardiology. Тие храбро заклучуваат дека хируршката стратегија за решавање на повеќесадовна коронарна болест резултира со намалување на смртноста кај овие пациенти и има помала потреба од повторни реваскуларизации споредено со ПКИ со обични (bare metal stents BMS) или стентови обложени со медикаменти (drug elluting stents DES).
Перкутани коронарни интервенции (ПКИ) со обични стентови, покажуваат помал процент на преживеани пациенти во споредба со пациенти кои биле третирани со аортокронарно бајпас премосување вклучувајќи ги и пациентите третирани само со еден бајпас графт.Споредувајќи ги пациентите со повеќе садовна коронарна болест, 86,3% од тие кои биле третирани со стентови обложени со медикаменти (ДЕС) биле живи по 5 години, споредено со 95,6% од тие кои биле третирани со бајпас премосување (АКБП). По 9 години 82,8% од ПКИ пациентите третирани со ДЕС биле живи наспроти 89,8% од тие кои имале хируршки третман. Во студијата биле вклучени 8402 пациенти со повеќесадовна коронарна болест кои биле подложени на примарна реваскуларизација, вклучувајќи 2207 пациенти третирани со БМС, 2381 со ДЕС, 2289 со АКБП со еден бајпас и 1525 со повеќесадовно АКБП.Според анализите повеќесдовно АКБП е супериорно и е поврзано со поголемо преживување на пациентите после 5 и 9 години, како и намалена потреба од реинтервенции.