Семинар на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија и Специјална Болница Филип Втори

Дневна доза здравје

април 9, 2013

Семинар на Здружението на физиотерапевти на Република Македонија и Специјална Болница Филип Втори

Во организација на Специјална Болница по хируршки болести “Филип Втори” и Здружението на физиотерапевти на Р. Македонија на 15.03.2013. во просториите на Стопанска комора град Скопје се одржа еднодневен пролетен семинар. На семинарот беше презентирана улогата и значењето на раната рехабилитација и физикалната терапија кај хируршките пациенти .Успешноста на семинарот ја покажа високата посетеност од физиотерапевти и физијатри од сите рехабилитациони центри и ординации за физикална терапија од цела Р. Македонија. Посебно не радува заинтересираноста на средношколци и студенти, и представници на Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип. Семинарот го отвори председателот на Здружението Дипл. Фт Оливер Грамосли.

Воведно излагаење зема Др. Тања Анѓушева, Директорот на Специјална Болница по хируршки болести Филип Втори со презентација на тринаестгодишното успешно искуство во менаџирањето и третманите на витално загрозени пациенти оперирани во нашата установа.Со своите излагања се представија: Кинезитерапевт В. Минов “Физикална терапија кај елективен ACBP”; Дипл. Фт Б. Арсов “ Физикален третман кај педијатриски кардиохируршки пациенти”; Дипл.фт Г. Дракалски “Ефектите од позиционирањето на телото врз пулмоналната функција”; Дипл. Фт О. Димитров “Позициониорање и мобилизација кај долголежечките пациенти во интензивна нега”; Фт. А. Манасиева ”Рана рехабилитација кај пациенти со ендопротеза на колк”, Ортопедски завод “Славеј” со презентација на ортопедски помагала, како и еминентен стручњак од областа на ортопедската хирургија Проф. Др. Ѓ. Зафировски со своето излагање “Мускулно скелетни тумори и современ третман”.На семинарот беше промовирана и новата Web страната на Здружение на физиотерапевти на Р. Македонија.