Кардиоген шок настанат при акутен коронарен синдром – приказ на случај

Дневна доза здравје

септември 2, 2016

Кардиоген шок претставува состојба на неадекватна ткивна перфузија поради срцева дисфункција. Шокот е најчеста причина за смртност кај хоспитализираните пациенти со акутен миокарден инфаркт а смртноста обично е од 50 – 80%. Брзото препознавање и превземање на соодветни мерки, кај пацеинтите со кардиоген шок, го подобрува раниот и касниот исход. Според последните испитувања инциденцата на кардиогениот шк изнесува 5-10% кај пациентите со миокарден инфаркт. Најчеста причина за кардиоген шок е екстензивен миокарден инфаркт, иако може да се појави и при помал инфаркт кај пациенти со претходно компромитирана левокоморна функција.

Шокот кој настанува може да е резултат од есктензијата на инфарктот, реоклузија на претходно инфарцирана артерија, или декомпензација на миокардната функција во неинфарцираната зона поради метаболни абнормалности. Од особена важност е фактот дека големите зони на нефункционален но вијабилен миокард може да влијаaт на развојот на кардиогениот шок кај пациенти после миокарден инфаркт.

Кардиогениот шок може да биде предизвикан и од механички компликации- како што се акутна митрална регургитација, руптура на интервентрикуларен септум, руптура на слободниот ѕид  или пак голем инфаркт на десната комора.  Другите причини на кардиогениот шок опфакаат миокардит, терминален стадиум на кардиомиопатија, миокардна контузија, септичен шок со тешка миокардна депресија, миокардна дисфункција после пролонгиран кардиопулмонален бајпас, валвуларна срцева слабост, и хипертрофична обструктивна кардиомиопатија.

Прикажуваме случај на навремено интервенирање при состојба на кардиоген шок предизвикана од преден енстензивен миокарден ифаркт кај Ф.А -53 годишен пациент. Пациентот беше донесен со возило на итна медицинска помош во лошна општа состојба со јака стеглива градна болка, гушење кои започнале неколку часа пред прием,  намален крвен притисок и јасни ЕКГ знаци за преден миокарден инфаркт – елевации во антериорните одводи и проширување на QRS комплексот. Ехокардиографскиот предглед покажа акутно намалена ежекциона фракција и прогресивна намалена подвижност на предиот срцев ѕид како и на срцевата преграда. На пациентот му беа направени лабораториски иследувања за состојбата на срцевите маркери чии резултати беа повеќепати зголемени над референтната вредност.

Пациентот веднаш беше припремен за коронарна агиографија при која се откри акутно запушување на левата предна артерија на срцето (слика 1) и се пристапи кон стентирање со претходна балон дилатација на запушената артерија. (слика 2)

Имплантираниот стент е од новата генерација – DES стентови кои се обложени со медикаменти и имаат подобар долгорочен исход. Во текот на интервенцијата беше поставен на антиагрегациона терапија и привремено му беше имлантирана интрааортна балон пумпа со цел да се зголеми снабеноста со крв на срцето и на организмот.  По интевенцијата беше пренесен на одделот за интензивна нега за понатамошно следење на виталните функции и примање на соодвента терапија за стабилизација на состојбата. Пациентот беше отпуштен дома по престој од само 6 дена во добра кардијална и општа состобја.