00389 2 3091 484
април 18, 2019
Четири месечниот Дамјан заминува дома по успешната операција на срце направена минатиот понеделник во нашата клиника. Веднаш по раѓањето кај Дамјан беше дијагностицирана конгенитална срцева болест – ВСД што претставува отвор помеѓу срцевите комори.
Поради сериозноста на болеста Дамјан мораше да се оперира што поскоро.
Д-р Жан Митрев заедно со Д-р Владимир Чадиковски во соработка со Д-р Марсело Кардинели се одлучија да го оперираат Дамјан минатиот понеделник. По брзото закрепнување Дамјан е веќе дома со семејството.
– Благодарна сум им на сите кои се грижеа за Дамјан. И покрај стравот кој го имавме како родители пред операцијата сите од тимот не убедуваа дека се ќе заврши добро. Ја имавме поддршката во целиот процес, а тоа навистина значи многу во вакви моменти. Сакам моето убаво искуство со целиот тим да го пренесам на сите родители кои имаат дете со ваков или сличен проблем – вели Сања мајката на Дамјан
Дамјан е едно од 6-те деца кои минатата недела беа оперирани и катетеризирани во Zan Mitrev Clinic.