00389 2 3091 484
март 17, 2016
Средното училиште НОВА на 9-ти март организираше ден на добросостојба (Wellness Day) за своите ученици. Учениците од средното училиште имаа можност да земат активно учество преку партиципирање во различни семинари кои беа ориентирани кон различни теми. Фросина Ристовска, психолог од нашата болница, беше дел од овој настан преку оддржување на семинарот за Психолошки еквилибриум. Преку овој семинар учениците имаа можност да научат повеќе за важноста на зачувувањето на психолошкото и менталното здравје, да научат нови начини за менаџирање на анксиозноста, тагата и да развијат нови стратегии за зајакнување на самодовербата. Преку овој семинар беше ставен акцент на важноста на целокупната добросостојба како интегрална компонента во процесот на личен раст и развој на секоја индивидуа. Им благодариме на НОВА за залагањето за здравјето на младите луѓе, премиса во која имаме многу заедничко. Тимот на „Филип Втори“ и понатаму ќе продолжи со активности кои се наменети кон поддршката на заедницата и младите.