00389 2 3091 484
април 15, 2015
1. Велигденските пости имаат позитивно влијание врз човековото здравје, секако доколку правилно се спроведуваат и доколку враќањето кон нормалниот вообичаен режим на исхрана биде постепен и умерен.
Во текот на постите намален е дневниот протеински внес како и внесот на масти.Особено од интерес кај кардиолошките болни со дислипидемија( нарушена рамнотежа на мастите во крвта) е намалувањето на вредностите на тоталниот холестерол во крвта. Исто така ја подобрува осетливоста на организмот на сопствениот инсулин( хормон кој што го регулира метаболизмот на ендогените шеќери) што особено добро влијае кај гојазните лица, дијабетичарите и оние со метаболен синдром.
Додека внесот на витамини и минерали не е променет сигнификантно во текот на постите. Многу е важно да знаете како да го прекинете постењето, направете го тоа со воведување на помали количини на лесно сварлива храна првите неколку дена за да ги избегнете негативните ефекти врз вашиот дигестивен систем. На пример почнете со конзумирање на свежо овошје, салати и пијте поголеми количини на вода. Доколку посегнете по брзата храна и си ги зголемите и зачестите оброците бидете сигурни дека стомачните тегоби нема да ве одминат.
Пијте најмалку 8 чаши вода во текот на денот. Дехидрираноста само повеќе ќе ви го зголеми апетитот и ќе ве направи уморни и непродуктивни во дневните активности.
Обидете се да конзумирате што поразновидна храна додека постите.
Пијте секој ден свежо цеден сок од портокал и лимон кој изобилува со антиоксиданси. Ќе ве одржи хидрирани и ќе ви ја даде потребната енергија во текот на денот.
Бидете физички активни.Тоа не значи дека треба да се исцрпувате со истоштувачки вежби, доволно е само половина час во текот на денот да пешачите.
Спијте доволно . Дајте му го одморот кој му е потребен на вашето тело.
Доколку не сте го направиле тоа досега, ОТКАЖЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ.
Ова е совршена прилика да го сторите тоа. 2. Јајцето е храна со виско нутритивна вредност. Евтин и одличен извор на високо квалитетни протеини. Во јајцето се содржани сите 8 есенцијални аминокиселини неопходни за организмот, кој самостојно неможе да ги произведе. Повеќето од овие протеини се содржани во белката заедно со витамин Б2, селен, витамин Д, витамин Б6, Б12 и минерали како цинк, железо и бакар. Во жолчката се содржани повеќе калории и масти. Таа е главен извор на холестерол и липидно растворливите витамини: К, А, Д, Е.