Проценка на ризик од анестезија

Дневна доза здравје

септември 28, 2015

Проценка на ризик од анестезија

Иако ASA класификација овозможува добра проценка за ризик од анестезија, пациенти со статус ASA I може да биде поголем предизвик за анестезиологот отколку пациент со статус ASA VI.
Американското здрение на анестезиолози (American society of anesthesiologists, ASA) во 1963 година ја усвои класификацијата за ризични болни пред анестезија. Оваа класификација овозможува степенување (градуирање) на здравјето на пациентите и проценка на можните фактори на ризик за време на операцијата. Се проценува функционирањето на сите органи и системи, но поради специфичноста на анестезијата кардиоваскуларниот и респираторниот систем имаат најважно место во проценка на ASA статусот на пациентот.

Според ASA класификација, кандидатите за анестезија се делат на шест групи, при што ASA I е здрав пациент со многу мал ризик за анестезија, додека ASA IV претставува пациент со докажана мозочна смрт и е кандидат за експлантација на органи. Иако ASA класификацијата овозможува добра проценка на ризикот за анестезија, во медицината 2+2 ретко се 4, така да постои можност пациент со ASA I да биде поголем предизвик за анестезиологот ,отколку пациент со проценка ASA VI.

Уште една проценка за тежината на срцевото заболување е класификација според New York Heart Association (NYHA). Според оваа класификација пациентите се делат на четири групи, при што во првата се болни без ограничувања во физичката активност, додека во четвртата група се пациенти кои и во мирување имаат потешкотии.
т и употребата на надворешниот автоматски дефибрилатор можат да го применуваат и не медицински лица.