00389 2 3091 484
јануари 4, 2017
Најпогодена група од популацијата кај која се појавуваат симптоми на грип се децата. Првата станица каде треба да се обратите се лекарите, кои ќе ви објаснат за симптомите и начините на лекување, а ќе ви дадат и совети за превенција и заштита од ширење на од грип
Инфлуенца или попознато како “грип” е многу заразна вирусна инфекција на респираторниот тракт. Ги опфаќа сите возрасни групи, иако кај децата постои поголема тенденција да се развие отколку кај возрасните. Сезоната на грип трае од октомври до мај, но најкризен период е од крајот на декември до почетокот на март.
Грипот е заразна инфекција, која се шири преку кашлање или кивање. Луѓето кои се инфицирани се заразни еден ден пред да се чувствуваат болни, па се додека траат симптомите на болеста. Грипот обично се појавува во мали епидемии и врвот го постигнува на втората или трета недела откако ќе се регистираат првите случаи.
Знаци и симптоми
Симптомите кои ги има заболениот од грип, често наведуваат на обична настинка, иако кај грипот се обично потешки отколку кај настинката, кои вообичаено почнуваат околу 2-иот ден по изложеност на вирусот. Најчести симптоми се следниве:
температура
треска
главоболка
болки во мускулите
вртоглавица
послаб апетит
замор
кашлица
воспалено грло
течење на носот
гадење или повраќање
малаксалост
дијареа
Времетраење
Грипот, воообичаено трае до 5 дена, по што симптомите се повлекуваат, но кашлицата и малаксалоста може да продолжат. Сите симптоми, најчесто, повлекуваат по една до две недели. Сепак, многу е важно болниот соодветно да се лекува и контролира, бидејќи може да доведе до воспаление на белите дробови и други компликации кои се опасни по живот. Компликациите од грипот се почести кај деца, старите лица и лицата со хронични болести.
Како да се спречи ширењето на грипот
Со примена на неколку практични чекори може да се намали веројатноста од ширење на болеста:
Миење на рацете со сапун, особено, по употреба на тоалет, по кашлање или кивање и пред јадење или приготвување на храна
Секој да користи своја чаша и прибор за јадење
Да се изолираат личностите кои имаат грип
Да се покрие устата и носот со шамивче кога се кашла или кива, а потоа се фрла шамивчето и се мијат рацете
Третман
Случаите на заболени од грип ретко бараат посебни медицински третман. Но, некои деца со хронични медицински состојби (како што се астма, дијабетес или посериозни хронични болести) или децата под 2 години, имаат поголем ризик од компликации. Некои деца со грип треба да биде хоспитализирани.
Кај одредена група на сериозно болни деца, лекарот може да препише и антивирусен лек кој може да ја скрати болест од 1-2 дена и да ги спречи потенцијалните компликации. При тоа, овој лек е корисен само ако се даде во рок од 48 часа од почетокот на грипот. Повеќето здрави луѓе кои ќе добијат грип не треба да земаат антивирусни лекови.
Совети кои ќе им помогнат на пациентите во третманот се следниве:
Конзумирање на многу течности за да се спречи дехидратација
Мирување
Антипиретик од типот на парацетамол или ибупрофен при фебрилност и болки (не се дава аспирин кај деца или тинејџери поради неговата поврзаност со Рејевиот синдром)
Децата кои се болни треба да останат дома, да не одат во училиште или градинка
Јавете се на лекар ако вашето дете:
има симптоми на грип
има висока температура или треска со осип
има проблеми со дишењето или брзо дишење
има сина боја на кожата
не пие доволно течности
станува многу поспано или летаргично и
има влошување на симптомите на грип