00389 2 3091 484
март 7, 2016
Доктор Емилија Горгијева специјалист невролог во Специјална болница по хируршки болести „Филип Втори“ активно учествуваше на 3-тата „Интернационална конференција за срце и мозок“ која се одржуваше во Париз, Франција од 25 до 27 февруари 2016 година, со постер презентација на тема: “Електроенцефалографски наоди кај пациенти со Перзистентен форамен овале“.
Овој конгрес се одржува еднаш годишно, а д-р Горгијева беше единствен претставник од Македонија покрај многуте земји учеснички од целиот свет. На конференцијата свои излагања имаа познати доктори и професори од САД, Израел, Полска, Франција, Германија, Шпанија од кои учесниците на конференцијата имаа можност преку едукација да слушнат за новитетите од областа на неврологијата и кардиологијата.