00389 2 3091 484
ноември 30, 2012
Курс за напредната ехокардиографија (EAA teaching Course), 26-27.10.2012
Во рамките на континуираната едукација која се спроведува на персоналот од Филип Втори, тим на кардиолози од болницата, учествуваше на курсот по напредната ехокардиографија, кој се одржа под покровителство на Европската асоцијација на ехокардиографија (ЕАА) – регистриран огранок од Европското кардиолошко здружение (ЕЅС), во периодот од 26.10 до 27.10.2012 година во Скопје.
На курсот кој беше наменет за кардиолози со напреднато ехокардиографско знаење и тренинг, мегународен тим на експерти од повеке европски држави (Белгија, Обединето Кралство, Данска, Норвешка, Франција, Италија и Хрватска) ги пренесе своите знаења и пракса од областа на принципите и можностите на тродимензионалната (3Д) ехокардиографија, како и срцевата функција и перформансите на срцевиот мускул низ повеке тестови и студии при клиничко лекување и превенција на различни кардиоваскуларни заболувања.
Овој курс беше добра можност за тимот на Филип Втори, да ги продлабочат своите знаења во областа на ехокардиографијата, која секојдневно многукратно ја применуваат во својата рутинска практика со цел за обезбедување на поквалитетна здравствена грижа и услуга кон своите пациенти.