Среда, ден резервиран за “НАУЧНИОТ КЛУБ“

Дневна доза здравје

март 23, 2015

Интерен научен клуб – едукацијата не запира!

На 18.03.2015 година се одржа третиот по ред интерен научен клуб во оваа година. Како и досега целта на овие едукативни состаноци е запознавање на медицинскиот персонал со новитетите во медицината, светските препораки за практикување на медицина базирана на докази, новитетите во технологијата и медицинската техника. Како и секоја трета среда во месецот така и оваа вечерниот термин од 18:00 беше резервиран за „НАУЧНИОТ КЛУБ“ и нашите драги колеги :

1. Д-р Шпенд Идризи – интервентен кардиолог Тема: Валвуларни срцеви мани

2. Д-р Тања Грамосли – анестезиологТема: Анестезија при валвуларна хирургија (аортна стеноза)

3. Проф. д-р Ѓорѓе ЗафироскиТема: Остеопороза – тивка епидемија на денешницата

Добро спакуваните предавање на проектите и темите на предавачите, отвораат одлична дискусија помеѓу присутните со нивни прашања и сугестии. Овие научни клубови веќе 15 години се дел од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, предавачите и темите постојано се менуваат. Формирањето на истите првенствено е во функција на подобрување на секојдневната работа на болницата и едукација на младите колеги.