СПЕЦИФИЧЕН ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ КОЈ СЕ ПРАВИ ВО МАЛ БРОЈ ЦЕНТРИ

Дневна доза здравје

декември 10, 2010

СПЕЦИФИЧЕН ОПЕРАТИВЕН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТ ВО ПЗУ „ФИЛИП ВТОРИ“ КОЈ СЕ ПРАВИ ВО МАЛ БРОЈ ЦЕНТРИ ВО СВЕТОТ

Пациентот В.Ѓ. на 42-годишна возраст, примен за оперативен третман и планирана операција при енормно дилатирана (аневризматски проширена) асцендентна аорта до 80 мм со попуштање и враќање на аортната валвула. Пациентот повремено имал замор и нелагодност во градниот кош. Тренирал фудбал и на спортско-медицинските прегледи секогаш му велеле дека има здраво срце кое брзо се заморува, но и брзо се одмора.По направениот 64-МСКТ преглед, пациентот е задржан за оперативно лекување, затоа што при ваква енормно проширена аорта може да дојде до нејзино брзо прскање. Направен е специфичен оперативен третман кој се врши во мал број центри во светот, при што се прави реконструкција на нативниот аортен корен, се заменува почетниот дел од аортата со графти и се прешиваат коронарните крвни садови. Послеоперативно пациентот беше сосема стабилен, рано одвоен од машината за дишење и мобилизиран. По оваа тешка операција пациентот беше пуштен на домашно послеоперативно закрепнување на десеттиот послеоперативен ден.