НОВИ СЕДУМ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ДЕЦА СО ВСМ

Дневна доза здравје

ноември 8, 2010

НОВИ СЕДУМ ИНТЕРВЕНЦИИ НА ДЕЦА СО ВСМ

На 09 и 10 октомври 2010 година во Дијагностичкиот центар на ПЗУ „Филип Втори“, се извршија седум нови интервенции на деца со ВСМ, на возраст од 2 до 4 години. Интервенциите (атријален септален дефект и пулмонална стеноза) се изведуваат во катетеризациона сала, без оперативен зафат, при што сите деца беа успешно истретирани. Следниот ден децата беа пуштени дома, комплетно излекувани.На ваков начин, со интервентниот третман на пациенти – деца и возрасни со вродени срцеви маани (ВСМ) продолжува традицијата на третирање на ВСМ во ПЗУ „Филип Втори“ којашто започна во 2003 година. Досега е извршена интервенција на 200 пациенти.