МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ПЕДИЈАТРИЈА

Децата на прво место, тие се украс на светот!

Секое дете од 0 до 18 години заслужува најдобра медицинска заштита и грижа од страна на специјалист педијатар. Почнувајќи раѓањето на децата, се до нивната адолесцентна возраст, сензитивниот период на раст и развој треба да бидат во рацете на докторите педијатри.

Специјалистички педијатриски преглед за здрави и болни деца

Специјалистички педијатриски преглед од раѓање до 16 годишна возраст (новородени, доенчиња,претшколско и школско дете).Навремена дијагноза и третман на горни и долни респираторни заболувања,одредување на типот на алергија со алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени. Дијагноза и третман на гастроинтестинални заболувања,уринарни инфекции,анемии.

  • наменет за новороденчиња и доенчиња опфаќа следење на нивниот раст и развој, советување, навремено третирање на инфекции и останати видови на поврзани  проблеми, при што родителите добиваат стручни совети за нега и грижа на нивните најмили како и едукација и советување за правилно доење, правилна исхрана на мајката и правилна дохрана на новороденчето и доенчето.
  • наменет за деца од предучилишна и училишна возраст до 18 год. со различна патологија и проблем, но и за здрави деца при што се следи телесниот раст и развој, се врши рано откривање на болести или отстапувања во психомоторниот развој.

Невроразвоен преглед

Потребен кај новородени со невроризични фактори. Тоа се предвремено родени деца, деца со мала родилна тежина, деца со низок Апгар, деца кои се родени со компликации на раѓање.

НЕВРОРАЗВОЕН ПРЕГЛЕД се прави кај сите доенчиња со

  • Нагли и неусогласени движби на рацете, телото, главата
  • Потешкотии со цицање и голтање
  • Тремор – тресење на раце и нозе
  • Долготраен плач кој не е предизвикан од надворешни дразби, пискав, прдорен или слаб плач
  • Извиткување кај детето во лак
  • Прецврсто или млитаво доенче

Невроразвоен преглед кај деца постари од 1 година

Со невроризични фактори или без, но со знаци за развојни пореметувања:

  • Пореметување во однесувањето, пореметување во развој на говорот, ,, неспретно,, дете, дете кое стално паѓа

  • АДХД – хиперактивност и пореметување на вниманието
  • Аутизам
  • Церебрална парализа
  • Нарушувања на сонот

Невроразвоен преглед кај деца со невролошки болести и состојби

  • Фебрилни конвулзии
  • Еплиепсија
  • Главоболка

  • Синкопа, колапс/несвестица
  • Други невролошки состојби

Поставувањето на работната дијагноза и клиничката проценка води кон проширена обработка и иследувања (ултразвук на мозок во доенечка возраст, ЕЕГ кај доенче и дете, биохемијкси и генетски иследувања, компјутерска томорграфија или магнетна резонанца и др.) По потреба детето се упатува кон други специјалности (ОРЛ специјалист, дефектолог, логопед, психолог, психијатар или физијатар)

Лекувањето се започнува со поставување на дијагноза и може да биде медикаментозно, или се превземаат други облици на лекување како физикална терапија, логопедски вежби, психолошки третмани и сл.

Подготовка за ЕЕГ кај деца

ЕЕГ е функционална неинвазивна метода која ја регистрира активноста кај мозочните клетки, чија активност се одразува низ константен пренос на електрични импулси, дури и во спиење. Оваа активност се очитува како брановита линија на ЕЕГ снимката.

ЕЕГ се применува во многу состојби како главоболка, вртоглавица, пореметна комуникација, повреди на глава, пореметување на свеста, пореметувања на говорот, пореметување во сонот и други.

КАКО СЕ ПРАВИ ЕЕГ ?

Снимање кај децата се изведува така што на главата се поставува капа во болик на мрежа на која се фиксирани електроди, кои со помош на гел дополнително се залепуваат на површината на главата

Снимањето се изведува во лежечка или седечка позиција со затворени очи. Од постаро дете се бара во тек на снимањето нагло да го отвори и затвори очите. Траење на снимката во будност е 30 минути, а во тек на снимањето се спорведуваат и активацијски техники како што се длабоко дишење и фотостимулација.

Малите деца најчесто се снимаат во природен сон.

Особено е корисен ЕЕГ после непроспиена ноќ. За тој вид снимање детето се подготвува на посебен начин.

ПОДГОТОВКА НА ДЕТЕТО ЗА ЕЕГ

  1. Детето оди да спие во вообичаено време, се буди околу полноќ (поголемо дете) или околу 4ч наутро (помало дете). По будењето, важно е детето да не заспие до почетокот на ЕЕГ снимањето, а потоа во тек на снимањето да заспие
  2. Кај постаро дете, 8 часа пред ЕЕГ снимање да не се земаат лекови за заспивање, лекови за смирување, кафе, чај, чоколадо. Препишаните лекови се земаат според дадената шема
  3. Пожелно е пред снимањето да се земе мал оброк и да се избегне глад

Алерген специфична имунотерапија

Постапката овозможува десензибилизација на деца кај кој што е верифицирана осетливост на полени и алергени од домашната средина.

Единстевно кај нас е започната примената на оваа терапија со препарати кој се применуваат во краток временски период од 2-3 месеци.

Детска гастро-ентерологија

Гастроентерологијата  е гранка на педијатријата која се занимава со дијагноза и терапија на заболувања на дигестивниот систем и на пореметувања во исхраната на деца и адолесценти.

Фокусот на дејноста е  третман и водење на дигестивните пореметувања како што се гастроезофагеалниот рефлукс, стомачната болка, опстипацијата и проблеми во исхраната, се со цел да им се помогне на пациентите и на родителите во справувањето со болеста и подобрување на здравјето и квалитетот на животот на нивното дете. Состојби кои се третираат се:

  • Стомачна болка
  • Опстипација
  • Пореметувања во исхраната/дебелина/ ненапредување во телесна тежина
  • Дијареа од неинфективно потекло
  • Енкомпреза
  • Гастроезофагеален рефлукс и рефлуксна болест
  • Алергија и интолеранција на храна
  • Хипербилирубинемија/жолтица
  • Инфламаторни болести на цревата
  • Панкреатит
  • Улкусна болест
  • Малапсорпции/малдигестии
  • Алергиски колитис
  • Целијачна болест

Услуги

  • Совети за правилна исхрана на децата
  • Орална рехидратација
  • Абдоминален ултразвук
  • 256- слајсен МСКТ на абдомен
  • Лабораториска дијагностика
  • 24 часовна  pH метрија за дијагноза на ГЕР
  • Генетско тестирање за Целиакија
  • Нутригенетика

Дијагностика и терапија

  • Акутна и повторувачка абдоминална болка
  • Запек кај децата
  • Гастроезофагеален рефлукс
  • Повторувачки повраќања
  • Алергија на храна
  • Хронична дијареа и малапсорпција (пр. Целијачна болест)
  • Харушувања во исхраната (слабо напредување во тежината / дебелина)
  • Акутни и хронични заболувања на црниот дроб
  • Интравенска / Инфузиона терапија
  • Интрамускулна терапија

Совети за исхрана

  • Здрави деца и постари деца
  • Деца со нарушувања во исхраната (неухранетост / дебелина)
  • Децата со алергии на храна
  • Деца со специчност во исхраната кај некои хронични болести / состојби

Педијатриска кардиологија

Конгениталните срцеви дефекти преставуваат проблеми со срцевата структура кои се присустни уште од раѓање. Овие дефекти вклучувааат:

  • Дефекти на внатрешните ѕидови на срцето
  • Дефекти на валвулите во срцето
  • Дефекти на артериите и вените кои носат крв во срцето и надвор од него, во телото.

Конгениталните срцеви дефекти го менуваат нормалниот проток на крвта низ срцето. Ова настанува како последица на недоволно развиени делови на срцето пред раѓање.

Конгениталните дефекти не предизвикуваат градна болка или други болни симптоми.Тешките дефекти предизвикуваат знаци и симптоми, најчесто кај новороденчиња и вклучуваат:

  • Брзо дишење
  • Слаба циркулација

Има многу типови на конгенирални срцеви дефекти, кои може да бидат едноставни дефекти без симптоми до комплексни дефекти со тешки, живото- загрозувачки симптоми. Примери на конгенитални дефекти се:

  • Атријален септален дефект
  • Вентрикуларен септален дефект
  • Стеноза на пулмонална валвула
  • Коарктација на аорта
  • Десно вентрикуларна хипертрофија
  • Тетралогија Фалот (комбинација од неколку дефекти)

Во зависност од тежината, сложеноста и типот на самиот дефект, истиот може да биде третиран со катетеризациска процедура (интервентно) или пак со отворена операција на срце. Постојат и дефекти за чиј третман се користи комбинација и од двата типа на третман поради сложеноста на дефектот.

Операција на отворено срце кај деца со вродени срцеви маани се препорачува во случаите каде дефектот не може да биде третиран со интервентна процедура.

  • Затварање на комуникациите помеѓу коморите и предкоморите со пач пластика
  • Реконструкција или замена на срцевите валвули
  • Отварање на артериите или отворите на срцевите валвули
  • Реконструкција на комплексни дефекти кои вклучуваат проблеми со крвните садови во близина на срцето (недоволно развиени или поставени на погрешна локација).

Во оптималниот третман на децата кои се со вродени срцеви маани кои се одликуваат со промени во ритамот на срцето, се применува и имплантирање на пејсмејкери и кардиовертер дефибрилатори (ICDs). Пејсмејкерот служи за да го регулира абнормалниот срцев ритам, додека дефибрилаторите служат за корекција на живото-загрозувачките  пореметувања на ритамот.

Услуги

  • Преглед од педијатриски кардиолог
  • ЕКГ
  • Ехокардиографија со доплер
  • Ергометрија (срцев стрес тест)
  • 24-часовен Холтер за крвен притисок
  • 24-часовен Холтер ЕКГ
  • Интервенции на вродени срцеви мани
  • Операции на деца вродени срцеви маани

Пулмоалергологија

Пулмоалергологијата е гранка на педијатријата која се занимава со воочување, испитување и терапија на алергија, астма и белодробни заболувања кај деца од раѓање до 18 години. Таа опфаќа :

  • Астма
  • Акутни и хронични  заболувања на респираторниот систем

  • Алергија на храна и алергија на инхалаторни алергени ( домашна прашина, полени, влакна од домашни миленичиња итн.)
  • Поленска треска ( алергиски ринит и конјуктивит)
  • Опструктивна слип апнеа
  • Синузитис
  • Кожни осипи ( егзема, уртикарија)
  • Алергија на убод од инсекти

Услуги

  • Преглед од пулмоалерголог
  • Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени
  • Спирометрија (испитување на функцијата на белите дробови)
  • Бронходилататорен  тест (тест со  “Вентолин”)
  • Ртг- на белите дробови
  • 256- слајсен МСКТ на граден кош
  • Фено анализа

Третман

  • Инхалациона терапија
  • Интравенска / Инфузиона терапија
  • Интрамускулна терапија
  • Советување на децата со астма

Алерголошки кожни тестови со инхалаторни и нутритивни алергени, пример алергени присутни во воздухот (влакна од куче, прашина, домашна прашина, полен, животински првут, мувла, итн); како и за алергени присутни во храната (млеко, жолчка од јајце, белка од јајце, пченично брашно, риба, соја итн.).  Методата на изведување е со гребење на кожата (skin prick test) со капнување на алергени,  а резултатот е готов за 15 минути.

Провокационен бронходилататорен тест ( “Вентолински” тест) е метода со која се врши проценка  на протокот на воздух низ дишните патишта, пред и после употребата на  Ventolin. Дијагностички  позитивен  тест сугерира астма.

Ние можеме  да ги направиме сите  неопходни лабораториски анализи на крвта и урината. Доколку е потребноможе да се даде инхалаторна, интравенска и интрамускуларна терапија.

Советување на децата со астма

Астма – инфламаторно заболување на дишните патишта – е еден од водечките хронични заболувања кај децата, со значителен прогрес  во светот и во нашата земја. Во педијатрискиот сектор, астмата претставува  проблем кој ги засега и  децата и родителите.  Во нашата служба покрај преглед и терапија, нудиме и  совети за родителите и децата, со цел поуспешно  контролирање на болеста.

Останати доктори од овој оддел

Станислава Анѓелеска

Д-р Станислава Анѓелеска

Специјалист по педијатрија

stanislava.angjeleska@zmc.mk

Види го профилот
Катерина Василева Димовска

Д-р Катерина Василева Димовска

Спец. по педијатрија

katerina.dimovska@zmc.mk

Види го профилот
Благица Манчева

Прим. д-р Благица Манчева

Педијатар

blagica.manceva@zmc.mk

Види го профилот
Иван Милев

Д-р Иван Милев

Спец. по педијатрија
Супспец. по кардиологија

ivan.milev@zmc.mk

Види го профилот