ПЕДИЈАТРИЈА

Сеопфатна здравствена грижа за деца од раѓање до 18-годишна возраст, со фокус на правилен раст, развој, превенција и лекување на акутни и хронични заболувања.

Преглед на одделот

Одделот за педијатрија обезбедува сеопфатна здравствена грижа за деца од раѓање до 18-годишна возраст, со фокус на правилен раст, развој, превенција и лекување на акутни и хронични заболувања.

Децата не се „мали возрасни“ – тие имаат специфична анатомија, физиологија и потреби, поради што секое дете се проценува и третира индивидуално, според возраста и клиничката состојба. Одделот е достапен 24 часа и обезбедува амбулантска и болничка грижа, како и мултидисциплинарен пристап кај потешки и посложени состојби. Достапни се и супспецијалистички прегледи од областа на пулмоалергологија и гастроентерохепатологија.

Болести и состојби

Во одделот се дијагностицираат и третираат најчестите акутни и хронични состојби кај децата, како и состојби кои бараат подолгорочно следење.

  • Треска и покачена телесна температура
    проценка на причината и потреба од понатамошни испитувања
  • Кашлица, свирење во градите и потешко дишење
    кај состојби како бронхиолит, астма, инфекции и алергии
  • Осип, егзем, уртикарија и алергиски реакции
    со проценка на можни алергени и третман
  • Повраќање, пролив, опстипација и болка во стомак
    најчесто кај гастроинтестинални инфекции и дигестивни нарушувања
  • Болно грло, болка во уво и синузитис
    состојби кои често се јавуваат кај децата и бараат навремено лекување
  • Болно мокрење и уринарни инфекции
    со лабораториска и микробиолошка дијагностика
  • Нарушувања во исхраната, ненапредување, малапсорпција и малдигестија
    кај деца кои не добиваат доволно на тежина или имаат хронични тегоби
  • Поленска треска, алергиски ринитис, конјунктивитис и алергија на убод од инсекти
  • Опструктивна слип апнеа
    кај деца со нарушено дишење и сон
  • Полесни повреди, истегнувања и посекотини
    кои бараат медицинска проценка и третман

Посебен фокус се става на гастроентерохепатолошките заболувања кај децата:

  • Гастроезофагеален рефлукс и рефлуксна болест
  • Улкусна болест
  • Панкреатит
  • Целијачна болест
  • Алергиски колитис
  • Инфламаторни болести на цревата
  • Дијареа од неинфективно потекло
  • Енкопреза
  • Опструктивна слип апнеа
    кај деца со нарушено дишење и сон
  • Хипербилирубинемија и жолтица кај новороденчиња и деца

Итни состојби

Одделот обезбедува итна проценка и згрижување на деца со состојби кои бараат брза медицинска интервенција.

  • Респираторен дистрес – изразено отежнато дишење кај астма, бронхиолит или пневмонија
  • Тежок степен на дехидрација – најчесто поради пролив, повраќање или покачена температура
  • Трауматски повреди
  • Тешка алергиска реакција (анафилакса)
  • Новороденче помало од 28 дена со температура над 38°C
  • Промена на ментална состојба, конфузија или нејасен говор
  • Конвулзии и напади

Дијагностика и третмани

Во одделот се применуваат современи дијагностички методи кои овозможуваат брзо и прецизно поставување на дијагноза.

За проценка на инфекции, воспаленија, дехидрација и други состојби.

Oсобено важни кај деца со респираторни проблеми.

За идентификација на бактериски и вирусни инфекции.

Kај посложени и хронични состојби.

Температура, срцева фреквенција, сатурација, дишење и крвен притисок

За детална визуелизација на органи и системи.

За потврда на гастроезофагеален рефлукс.

Кај деца со напади и невролошки симптоми.

За проценка на срцевата работа.

Особено важен кај новороденчиња и мали деца.

Кај деца со пулмоалерголошки состојби се изведуваат:

  • Алерголошки кожни тестови за откривање на причинителот на алергијата
  • Алерген-специфична имунотерапија – десензибилизација кај деца со потврдена алергија
  • Дијагностика, лекување и советување кај деца со астма
  • Следење и третман на хронични заболувања на респираторниот систем

Технологија и опрема

Одделот располага со современа опрема која овозможува сигурна и брза дијагностика:

  • Современ ултразвучен апарат
    за преглед на мозок, абдомен и други органи.
  • Спирометар
    за испитување на функцијата на белите дробови кај деца со астма и респираторни заболувања.
  • ФЕНО анализатор
    за проценка на воспаление на дишните патишта.
  • Инхалатори и опрема за респираторна терапија
  • Опрема за skin prick тестови
    со резултат за 15 минути.
  • Опрема за 24-часовна pH метрија со импеданса
  • Бронходилататорен тест со Ventolin
    за проценка и потврда на астма.

Специјалисти

Одделот работи и во соработка со пулмоалерголог, гастроентерохепатолог, неонатолог и тим од медицински сестри, со цел да се обезбеди сеопфатна грижа за секое дете.

Патот на пациентот

  • Преглед и иницијална проценка
    Детален разговор со родителите, земање анамнеза и клинички преглед на детето, со проценка на симптомите, општата состојба и растот и развојот.
  • Дијагностика
    Спроведување на лабораториски, радиолошки и функционални испитувања, во зависност од возраста и симптомите на детето.
  • План за третман
    Изработка на индивидуализиран план кој може да вклучува терапија, дополнителни испитувања, супспецијалистички консултации и препораки за домашна грижа.
  • Советување на родителите
    Објаснување на дијагнозата, начинот на лекување и знаците на кои треба да внимаваат родителите во домашни услови.
  • Следење и контроли
    Редовни контроли за следење на закрепнувањето, растот, развојот и долгорочниот тек на состојбата.
Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин