МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ПУЛМОЛОГИЈА

Хронични белодробни заболувања

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)

Хронична опструктивна белодробна болест се третира преку респираторна физиотерапија со фамаколошка поддршка која го зголемува ефектот на третманот на опструкцијата на воздушните патишта, инхалаторна терапија со аеросоли во комбинација со вежби, интравенозна терапија со бронходилататори, мукосекретолитици, деконгестиви и антибиотици, но важно е да се напомни дека овој третман не е комплетен доколку не се комбинира со респираторна физиотерапија.

Хронична кашлица

Хроничната кашлица која трае подолго од 8 недели (кај возрасната популација), е состојба која може да предизвикува нарушување на нормалниот живот поради нарушвање на мирниот сон, предизвикува замор, исцрпеност и негативно влијае на концентрацијата. Дијагнозата се поставува преку земање на анамнеза и запознавање со претходните болести како и преку дијагностички тестови, спирометрија, мерење на дифузуски капацитет, РТГ на белите дробови, компјутеризирана томографија и бронхоскопија.

Алергија

Во Клиничката болница Жан Митрев,  се изведуваат тестови на респираторната функција, кожни тестови за алергија, бронходилататорни тестови со кои се открива и соодветно се третира алергијата.

Конвенционална бронхоскопија

Бронхоскопијата претставува инвазивен метод која служи за дијагностички и за терапевтски цели кај белодробни (бронхијални) заболувања. Со бронхоскопија се врши визуализaција на бронхијалното стебло на пациентот. Олимпус брохоскопот со кој располага Клиничката болница Жан Митрев, е најсовремена технологија како и за внатрешна визуализација на белите дробови така и за терапевтски цели.

Оваа метода се изведува со краткотрајна општа анестезија и претставува сигурен краткотраен безбеден преглед.

Причините за бронхоскопија вклучуваат:

  • Дијагностика на белодробни заболувања
  • Инфекции на бели дробови
  • Биопсија на ткиво од белите дробови
  • Отстранување на слуз, туѓо тело или друга причина за опструкција во дишните патишта или белите дробови (тумор)
  • Поставување на стент во дишни патишта
  • Третман на проблем со белите дробови (интервентна бронхоскопија), како што се крварење, абнормално стеснување на дишните патишта или колапс на белите дробови (пневмоторакс)

Виртуелната бронхоскопија

Виртуелната бронхоскопија е компјутерски генерирана тридимензионална постпроцесинг техника која продуцира слики на трахеобронхијалното стебло со висока резолуција и претставува симулација и замена на конвенционалната.

Оваа метода е од интерес не само за пулмолозите туку и за радиолозите бидејќи може да биде од голема полза при евалуација на пациентите со суспектна патологија на дишните патишта. Истата се изведува со краткотрајна општа анестезија и претставува сигурен краткотраен безбеден преглед.

Останати доктори од овој оддел

Вангел Нечевски

Д-р Вангел Нечевски

Пулмоалерголог

vangel.nechevski@zmc.mk

Види го профилот
Лилјана Симоновска

Проф. д-р Лилјана Симоновска

Спец. интернист-пневмофтизиолог

Види го профилот