Пулмологија - Zan Mitrev Clinic

Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Пулмологија

 

Пулмологијата е медицинска специјалност која се занимава со болести на респираторен тракт. Oдделот за пулмологија во нашата клиника нуди прецизна дијагноза и соодветен третман на најкомплексните белодробни заболувања и кај најризичната група на пациенти со хронични болести на белодробниот систем.

 

Хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ)

Хронична опструктивна белодробна болест се третира преку респираторна физиотерапија со фамаколошка поддршка која го зголемува ефектот на третманот на опструкцијата на воздушните патишта, инхалаторна терапија со аеросоли во комбинација со вежби, интравенозна терапија со бронходилататори, мукосекретолитици, деконгестиви и антибиотици, но важно е да се напомни дека овој третман не е комплетен доколку не се комбинира со респираторна физиотерапија.

Хронична кашлица

Хроничната кашлица која трае подолго од 8 недели (кај возрасната популација), е состојба која може да предизвикува нарушување на нормалниот живот поради нарушвање на мирниот сон, предизвикува замор, исцрпеност и негативно влијае на концентрацијата. Дијагнозата се поставува преку земање на анамнеза и запознавање со претходните болести како и преку дијагностички тестови, спирометрија, мерење на дифузуски капацитет, РТГ на белите дробови, компјутеризирана томографија и бронхоскопија.

Алергија

Во Клиничката болница Жан Митрев,  се изведуваат тестови на респираторната функција, кожни тестови за алергија, бронходилататорни тестови со кои се открива и соодветно се третира алергијата.

 

Виртуелна бронхоскопија

Бронхоскопијата претставува инвазивен метод која служи за дијагностички и за терапевтски цели кај белодробни (бронхијални) заболувања. Со бронхоскопијата се врши визуализaција на бронхијалното стебло на пациентот.
Виртуелната бронхоскопија е компјутерски генерирана тридимензионална постпроцесинг техника која продуцира слики на трахеобронхијалното стебло со висока резолуција и претставува симулација и замена на конвенционалната.

Опременоста на одделот е резултат на големиот напредок на компјутерскиот хардвер и софтвер и напредокот во МСКТ (мултислајс компјутерска томографија) скенер технологијата која е преточена во најновиот Олимпус брохоскоп скоро набавен во нашата клиника. Ова е последен тип од серијата бронхоскопи кои што се користат за ендоскопско испитување на белите дробови.

Оваа метода е од интерес не само за пулмолозите туку и за радиолозите бидејќи може да биде од голема полза при евалуација на пациентите со суспектна патологија на дишните патишта. Истата се изведува со краткотрајна општа анестезија и претставува сигурен краткотраен безбеден преглед.