„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“

Дневна доза здравје

јули 14, 2015

„Филип Втори“ го одржа првото предавање во кампот „Кирил Лазаров 7“

Што е здрава храна,колку оброци на ден треба да се внесуваат, во кој временски период и слично.Ова беа само дел од прашањата кои беа одговорени преку интеракција со децата од кампот „Кирил Лазаров 7“. Ова беше прво од предвидените три предавања кои „Филип Втори“ ќе ги одржи во рамки на кампот.Темата „Здрава исхрана“,ја подготви м-р Тина Коцова инженер по прехрамбена технологија во болницата.Таа со својот професионален пристап ги анимираше децата преку еден забавно-едукативен начин да дискутират за храната и она што тие секојдневно го имаат како оброци и ужинки во текот на 24 часа.Од страна на м-р Коцова акцентот беше ставен на правилната исхрана за деца кои имаат поголема физичка активност. Кои видови на храна и нутриенти се потребни и како треба да биде организирано дневното мени за млади спортисти. Кои витамини и минерали се неопходни, распоредот на оброци, внесот на течности.Иако постојат општи препораки сепак менито се прави на на индивидуална база.

Некои од општите карактеристики се следни:
Последниот оброк треба да биде три часа пред физичката активност. Да не е масен и да нема премногу дијатетски влакна.
На секој 15 до 20 минути во текот на физичката активност треба да се внесува по минимална количина вода(капка по капка)
максимум 300 мл на 20 минути.После физичката активност се зема литар и пол вода на килограм загубена телесна маса може и повеќе во зависност од тежината на тренингот.
Се препорачува да се зема и солена храна после тренингот заради задршка на течноста за подобра рехидратација(на пример супа)
Во текот на тренингот може да се земаат и спортски напитоци кои што содржат електролити и шеќери за надополнување на течностите.После тренингот се препорачува храна богата со јаглени хидрати и протеини. Добар избор тука се легуминозите(грав леќа,боранија).
Избалансираната храната овозможува правилен раст и развој на децата.Предавањето беше наменето за деца од 10-14 години.